На ден 26.11.2022 (сабота), професорите од билингвалниот актив заедно со други професори по француски јазик од општината, учествуваа на обуката “ Употреба на интерактивната табла на часовите по француски јазик и на нелингвистичките дисицплини”. Обуката беше спроведена од страна на проф. Анка Веселинова, од Францускиот Институт во Скопје.
Професорите беа запознати со многубројни апликации и алатки, корисни во планирањето на нивните наставни единици. На крајот професорите изработија неколку вежби користејќи ги новите апликации.

ФИСКАЛНА ЕДУКАЦИЈА НА МЛАДИТЕ

 

Едукативно предавање за учениците на тема: „Даночниот систем на Република Северна Македонија“, во рамките на проектот „Фискална едукација на младите“ во организација на УЈП и МОН, се спроведе во текот на месец ноември во нашето училиште од страна на даночен советник од „Даночно одделение Неготино“ и со истото беа опфатени сите ученици од четврта година.

Преку проектот „Фискална едукација на младите“, средношколците имаат можност да добијат појасна слика за тоа што претставува данокот и која е општествената корист од плаќањето на даноците. Проектот се спроведува во рамките на образовниот систем како најповикан и најсоодветен сегмент на општеството за едукација и воспитување на младите.

Средношколците како дел од младата популација, идни студенти и академски граѓани на Македонија, имаа можност да добијат појасна слика и визија за тоа што претставува данокот и која е општествената корист од плаќањето на даноците.

Преку организираните предавањето, учениците имаат можност да се стекнат со основни и стручни знаења за тоа:

• Какви видови даноци постојат
• Зошто УЈП ги собира даноците
• Каква е користа од плаќањето на данокот за сите нас
• На кој начин и каде се плаќа данокот

Целта на проектот е:

• Подигнување на даночната култура
• Зголемување на свеста и знаењето на младите
• Подобрување на даночната навика кај граѓаните
• Стекнување на основно знаење на младите за даночниот систем на нашата држава

Едукативна работилница организирана од страна на Секторот за внатрешни работи-Велес

 

Во рамки на превентивниот проект “Безбедност во училиштата“, денес полициски службеници реализираа едукативна работилници во нашето училиште на тема “Против насилството во училиштата” со учениците од прва и втора година.

Во рамки на работилницата темата беше фокусирана на превенцијата од насилство, при што учениците беа запознаени со различните манифестации на овој вид девијантно однесување – врсничко насилство, психичко насилство, физичко насилство, насилство на спортски натпревари и на социјални мрежи и друго.

Посебен акцент беше ставен на појавата на насилно однесување на учениците во самите училишта и во училишните дворови и дека овој вид на насилство е една од највидливите форми на манифестирање на агресивност преку физичките напади, тепачки, сајбер насилство, навреди и омаловажување меѓу врсниците , соучениците, меѓу помалите и постарите ученици како и лица дојдени од надвор во училиштата. Притоа беа презентирани низа можности како да се превенира и спречи таа појава.

Едукативна работилница на ОВР Кавадарци со ученици од трета и четврта година

 

Отсекот за превенција при СВР Велес во содејство со ОВР Кавадарци реализираше едукативна работилница на која теми на дискусија беа насилство, сајбер насилство, булинг и трговија со луѓе.

Основна цел на едукативната работилница беше подобрување на општата и личната безбедност на учениците во образовната установа, како и намалување на сите облици и типови на насилство помеѓу учениците.
Покрај тоа ваквата едукативна активност во интеракција со учениците од различни одделенија имаше за цел превенирање на врсничкото насилство и насочување на енергијата на учениците во позитивен правец односно забележување на ризиците и нивно избегнување, како и запознавање со законската регулатива од оваа област.

Посебен акцент беше ставен на појавата на насилно однесување на учениците во самите училишта и во училишните дворови и дека овој вид на насилство е една од највидливите форми на манифестирање на агресивност преку физичките напади, тепачки, сајбер насилство, навреди и омаловажување меѓу врсниците , соучениците, меѓу помалите и постарите ученици како и лица дојдени од надвор во училиштата. Притоа беа презентирани низа можности како да се превенира и спречи таа појава.

Во рамки на едукативното предавања на средношколците им беа презентирани низа начини не само за рана детекција од опасностите од трговија со луѓе туку и околу можностите како да се заштитат пред се себеси и своите врсници од трговија со луѓе.

 

 

 

Обука на тема: „Циклус на учење“

Обука на тема: „Циклус на учење“
Обучувач: Михаел Залцер

Како дел од проектот финансиран од германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) преку sequa, Образовниот центар на баварското стопанство (bbw gGmbH) дел од нашите колеги од електротехничката струка учествуваа на семинар на тема: „Циклус на учење“. Нашето училиште беше домаќин на оваа четврта обука од циклусот на обуки во рамките на проектот.

 

 

Во рамките на проектот за промовирање на Европската Унија и нејзините вредности којшто беше наменет за учениците од билингвалните паралелки, на ден 20.10.2022 им беа доделени сертификатите на учениците коишто ги следеа предавањата во текот на претходните две учебни години, почнувајќи од учебната 2020/21.
Дидактичките материјали за ЕУ беа подготвени од г-ѓа Ана Крстиновска, од Естима-Скопје со поддршка од Франускиот институт во Скопје, од Француската амбасада како и од директорите на средните училишта кадешто има билингвална франкофонска настава. Предавањата беа реализирани од страна на професорите по француски јазик.

Прв регионален форум, Генерација LabelFrancÉducation, 15 земји, 2 средни училишта од Македонија со овој бренд по француски јазик, од кое едното е нашето училиште

Елена Јорданова, ученичка од нашето училиште СОУ “Св.Кирил и Методиј” во Неготино и Филип Ѓуровиќ, ученик во гимназијата Орце Николов во Скопје, придружувани од г-дин Драган Трпковски, професор по француски јазик во гимназијата Св.Кирил и Методиј во Неготино, имаа многу убава прилика да учествуваат на Првиот регионален форум Генерација ЛабелФрансЕдукасион, кој што се одржа во Варна, Бугарија, на 6 и 7 октомври 2022, наменет за ученици и професори од гимназии кои го имаат добиено брендот за квалитет на билингвалната франкофонска настава, ЛабелФрансЕдукасион. Убав и интензивен момент на средби, дружења со млади од 13 земји од Централна и Источна Европа, во еден пријатен амбиент и околу многу богата и интересна програма.

Варна, 6-7.10.2022

Секоја година светот се соочува со нови предизвици во областа на производството на храна, гладување во многу земји и болести од недоволна и преобилна храна. Организацијата за храна и земјоделие (FAO) е основана во 1945 година. Учениците од нашето училиште се вклучија во обележувањето на 16-ти Октомври Светскиот ден на храната на тема Влијание на функционалната храна врз здравјето на луѓето и формирање правилни ставови на поединците за правилни навики во исхраната.

 

 

 

 

Денес нашето училиште беше дел од настанот кој се одржа на градскиот плоштад под име Саем за регионален развој на Вардарски регион за подршка на социјални претпријатија.
Нашите ученици од образовниот профил прехранбен техничар под менторство на своите професори учествуваа со проектот “Слатки и солени мали здрави задоволства- мафини”.