Свечена програма во чест на ТX-фондацијата по повод извршената реконструкција на училишната зграда

Денес во нашето училиште беше одржана свечена програма во чест на ТX-фондацијата по повод извршената реконструкција на училишната зграда (кровна реконструкција, менување прозорци и молерски работи).
Врз основа на потпишаниот меморандум за соработка помеѓу општина Неготино и добротворната фондација Тиекс за реновирање на зградата на училиштето и подобрување на условите за одвивање на образовно-воспитниот процес, во изминатиот период се одвиваа градежни активности.➡️Се извршија поправки и изолација на централниот покрив на училиштето, поставување на галериски прозорци и поправка и молерисување на ѕидовите.

Благодарност до донаторот!

Вашиот хуман гест и благородно срце го направија нашето училиште вистински дом за нашите ученици.