Потпишување на анекс на договорот за средните училишта со двојазични франкофонски паралелки, со цел дополнително зајакнување на овие исклучителни паралелки

Во вторникот на 14 март, Амбасадорот и Министерот за Образование и наука, г.Јетон Шаќири, потпишаа анекс на договорот за средните училишта со двојазични франкофонски паралелки, со цел дополнително зајакнување на овие исклучителни паралелки, во присуство на директорите на веќе засегнатите установи: средните училишта Орце Николов и Раде Јовчевски Корчагин во Скопје, Јосип Броз Тито во Битола, Гоце Делчев во Куманово и Кирил и Методиј во Неготино, како и средното стручно училиште Лазар Танев од Скопје.

 

Обележување на зимскиот ден со планинарска и еко-акција

Обележување на зимскиот ден со планинарска и еко-акција

По повод зимскиот ден, на 17.3. 2023 год. нашите ученици и професори реализираа планинарска акција на релација Калањево-Бела Вода-Делчев Рид, во соработка со ООУ ,,Димче Ангелов Габерот” – Демир Капија. На настанот земаа учество ученици и професори од двете училишта и денот беше исполнет со дружење во природа.
Во училиштето, пак, се одржа еко-акција со цел чистење на училишниот двор.
Овие две реализирани активности се со цел меѓуучилишна соработка, јакнење на спортскиот дух, грижа за природата и нашето училиштно опкружување.
Се надеваме дека ќе имаме уште многу убави поводи за дружба.

 

Успех на нашите ученици на Државниот натпревар по Филозофија

Нашите ученици повторно го претставија успешно нашето училиште на Државниот натпревар по Филозофија кој се одржа на 11.03.2023 год. на Филозофскиот факултет во Скопје.

Ученикот Никола Димчев од IV2 го освои второто место, а ученичката Јована Мечева од IV5 го освои третото место. Постигнатиот успех им овозможи и на двајцата ученици учество на македонската филозофска олимпијада која ќе се одржи на ден 01.04.2023 во СУГС “Орце Николов” – Скопје.

Им посакуваме успех и понатамошен пласман на Меѓународната филозофска олимпијада (11-14 мај) во Грција.

Ментор: Даниела Гражданлиева

Денес на 14.03.2023 год. во 13 часот, активот по математика при СОУ ,,Св. Кирил и Методиј” Неготино, организира прослава на Пи денот (Лудолфов број или Архимедова константа) – ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ДЕН НА МАТЕМАТИКАТА. На прославата учествуваа ученици од нашето училиште, но и ученици заедно со нивните наставници од двете основни училишта во Неготино: ОУ ,,Страшо Пинџур” и ОУ ,,Гоце Делчев”. Учениците беа задоволни од заедничката дружба, која беше проследена со презентација за бројот Пи и квиз на кој учествуваа 12 групи по 3 деца, а I, II и III место беа наградени со скромни подароци. Денес имаше одлична соработка на математичарите во нашиот град.

Спортска дружба

На ден 06.03.2023 година во спортската сала на СОУ ,,Св. Кирил и Методиј’’ – Неготино се одржа заедничка спортска дружба со ревијални натпревари во одбојка помеѓу учениците од СОУ ,,Св. Кирил и Методиј’’ – Неготино и двете основни училишта ООУ ,,Страшо Пинџур’’ и ООУ ,,Гоце Делчев’’- Неготино. Спортското дружење подоцна продолжи со размена на искуства и идеи во просториите на Реалната компанија во училиштето, каде за учениците беа подготвени вкусни палачинки од страна на вредните раце на средношколците и вработените.
Се надеваме дека ќе имаме уште многу убави поводи за дружба и дека соработката ќе продолжи на многу различни начини и со многу креативни идеи од нашите ученици.

Државен натпревар „Спелување на француски јазик„

На Државниот натпревар, ?? Спелување на француски јазик??, учениците од втора година, од билингвалната паралелка освоија:
?ТРЕТО? место- КИРИЛ ДИМИТРОВ
? ШЕСТО? место – ВЕСНA ЈАНЕВСКА

ЧЕСТИТКИ!

Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

По повод 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, се оддржа настан во аулата на училиштето. Под мотото “Сите сме исти, но сепак различни!”учениците земаа учество во улоги на лица со попреченост и нивното секојдневно соочување со пречките на кои наидуваат. Целта е развивање на свеста за пружење на помош во потребна ситуација. Настанот беше организиран од страна на дефектологот Маријана А. Гонева.