ПРВО МЕСТО НА ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЛОЗОФИЈА

Повторно горди на своите ученици! На Државниот натпревар по филозофија, што се одржа на Филозофски факултет во Скопје на 09.03.2024 год(сабота), нашите ученици под менторство на професор Даниела Гражданлиева постигнаа голем успех со тоа што го освоија првото место:

????Андреа Јовановска IV 5

????Марија Пенкова IV 3

 

Учениците се стекнаа со право да учествуваат на македонскиот натпревар за Меѓународната филозофска олимпијада. Честитки за постигнатиот успех и им посакуваме успех на престојната Филозофска олимпијада!