Видео приказна од медиумскиот клуб ,,Младина”

Медиумскиот клуб ,,Младина” при СОУ ,,Св. Кирил и Методиј” – Неготино изработи видео-приказна за мисијата на организацијата ,,Донирај компјутер”. Нивната дејност полна со хуманост и соработка беше инспирација за нашите членови: Кирил Димитров, Ристе Димов, Марија Богоевска, Розалија Станкова и Весна Јаневска да ја создадат оваа видео-сторија што ја нарековме ,,Еден ден во донирај компјутер”. Видео-приказната беше создадена под менторство на проф. Маја Којчева – Величкова, координатор на медиумскиот клуб. Нашиот клуб е еден од десете училиштни клубови од средното образование што се дел од проектот на УСАИД – ,,Младите размислуваат”.