Денес нашето училиште беше дел од настанот кој се одржа на градскиот плоштад под име Саем за регионален развој на Вардарски регион за подршка на социјални претпријатија.
Нашите ученици од образовниот профил прехранбен техничар под менторство на своите професори учествуваа со проектот “Слатки и солени мали здрави задоволства- мафини”.

 

 

 

 

 

 

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА
Почитувани ученици и родители,
Ве известуваме дека на ден 1 септември 2022 година (четврток), со почетокот на новата учебна година,  СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино ќе започне со едносменско работење.
Сите ученици од I,II,III и IV година започнуваат со настава во 07:00 часот.
На сите ученици им посакуваме многу успеси. Нека ни е среќен почетокот на новата учебна година.
ВД Директор,
Ангелина Илиева

Денес во просториите на училиштето директорката Ангелина Илиева оддржа работна средба на која се дискутираше за прашања поврзани со програмата и предвидениот тек на првата од предвидените три обуки на тема: „Обука за испитувачи за наставници и тренери“ како дел од проектот финансиран од германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) преку sequa, Образовниот центар на баварското стопанство (bbw gGmbH).

Од страна на организаторите беа дефинирани целите на обуката, односно како да се дизајнира завршниот испит во согласност со германските стандарди, со содржини како што се испити фокусирани на активност, барања за квалитет на испитите и методи и инструменти за испитување.

Во текот на наредната недела обуката ќе биде реализирана во периодот од 24-25.08.2022 година и во истата ќе учествуваат тројца професори од нашето училиште.

Патронен празник на училиштето

По повод Патрониот празник на нашето училиште денес беше реализирана културно-уметничка програма, од страна на нашите ученици под менторство на професор Јонче Ангелов и професор Наташа Јанева.
Исто така беше испечатен и нов број од училишниот весник Младина, под менторство на професорката Маја Којчева – Величкова. За ученик на генерација 2018/2022 беше избрана ученичката Милена Камчева од IV5. Најдобар ученик од електротехничка струка е Ристе Симонов од IV7. Најдобар ученик од хемиско-технолошка струка е Изабела Ѓорѓиева од IV9. Голема благодарност до сите присутни гости на денешниот Патронен празник на нашето училиште.

 

Средношколски весник на СОУ„Св.Кирил и Методиј“- Неготино

СРЕДНОШКОЛСКИ ВЕСНИК НА СОУ„СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“- НЕГОТИНО

Почитувани, ќе ни биде чест да го прочитате новото издание на ?средношколскиот весник ,,Младина” – списание на учениците во СОУ ,,Св. Кирил и Методиј” – Неготино. Благодарност до главниот уредник: Блаже Јанев, техничките уредници: Драган Моневски, Благица Захарчева и Викторија Методиева, авторот на корицата: Никола Димчев, ученичките Христина Најдовска, Викторија Трајкова и сите други ученици-новинари под менторство на професорката Маја Којчева – Величкова.

Реализирана и третата акција – во соработка на Еко Вита. Нашиот училишен двор е збогатен со благородното Ginko Biloba и нови садници. Да ја сакаме и негуваме природата една и единствена е!

Државен натпревар по Биологија

Честитки за успесите на нашите ученици, кои на државниот натпревар по Биологија одржан на 14.05.2022 повторно не направија горди.
?Кирил Димитров I година – III наградa
ментор:Валентина Манчева
?Елена Јорданова II година – III награда
ментор: Зорица Стојановска.

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ОТВОРЕН ДЕН ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ

Во петокот, 13.05.2022 година, ги отворивме вратите на нашето училиште СОУ ,,Св. Кирил и Методиј” – Неготино и им посакавме добредојде на нашите гости, учениците од ООУ ,,Гоце Делчев” и ,,Срашо Пинџур”- Неготино и ООУ ,,Димката Ангелов – Габерот” од Демир Капија. Им посакавме добредојде и на учениците од нижото музичко училиште во Неготино кои го збогатија настанот со прекрасна музичка програма. Им се заблагодаруваме и на нашите соработници, компаниите ,,Еуроникел Индустри”, ,,Дрекслмајер”, ,,Корона” и “Технички институт Македонија”, што беа дел од настанот. Им се заблагодаруваме и на нашите вредни ученици и професори кои го реализираа настанот. Да си посакаме уште многу успешни соработки.