Отворени денови на училиштето 10-11 мај 2023

За време на отворените денови на училиштето имавме прекрасна можност да се дружиме со идните средношколци кои можеа да се информираат за можностите кои ги нуди нашето училиште и стручните профили во три струки:

? гимназиско образование,
?електротехничка струка и
? хемиско-технолошка струка.

Отворените денови се супер можност идните ученици и родители да остварат непосредна комуникација со наставниот кадар и педагошко-психолошката служба во училиштето и директно да се запознаат со различните активности, наставните планови и програми, како и со условите за работа во училиштето.

СОУ ,,Св. Кирил и Методиј“ – Неготино ви нуди можност да изберете современи наставни профили за продолжување на вашето образование и успешна иднина.
Благодарност до учениците од основните училишта кои нѐ посетија и ни го збогатија настанот.

Се надаваме учениците ќе се пронајдат во понудените профили и подрачја и ќе ни се придружат од наредната учебна година.

Благодарност и до Euronickel Industries, Технички Институт Македонија, Корона и Дрекслмајер кои земаа активно учество на настанот како наши соработници за реализација на практичната настава.

Не заборавајте дека избирајќи го СОУ ,,Св. Кирил и Методиј” – Неготино, избирате безбедна училишна средина со современа настава и можност да ја изразите вашата креативност!

Сите информации поврзани со уписот на ученици во прва година за учебната 2023/24 може да ги најдете на следниов линк: http://kirilimetodij.edu.mk/настава/упис/

Ве очекуваме!