
Реф.4 02-1/107
Покана за понуда
Согласно Одлуката на Училишниот Одбор на СОУ ,,Св.Кирил и Методиј,, Неготино бр.02-1/107 од 06.12.2018 за утврдување на потреба од доделување на договор за набавка за РАБОТИ (WORKS) за Проектот Замена на прозорците и поставување на соларни панели во средното училиште, за проектниот партнер 4 СОУ,,Св.Кирил и Методиј,, за проектот ЕНПОЛ-ЕЕ ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,, или “Energy efficiency in the cross border area as an indicative factor for environmental policy” согласно Договорот за грант број ,,ЕНПОЛ-ЕЕ” SO2.1-SC025 од 25.05.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА) Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – The former Yugoslav Republic of Macedonia”, СОУ „Св.Кирил и Методиј“ објавува ПОКАНА ЗА ПОНУДА со комплетна тендерска документација подготвена согласно процедурите на ЕУ (PRAG 2018) .
Истата е достапна во проектната канцеларија во СОУ ,,Св.Кирил и Методиј,, Неготино –почнувајќи од 29.05.2019 година.
Доколку сте заинтересирани тендерската документација може да Ви биде пратена и електронски или по пошта поставена на ЦД.
Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 27.06.2019 (четврток) до 12.00 часот.
Сесијата на отварање, согласно инструкциите во тендерската документација е планирана истиот ден 27.06.2019 во 14.00 часот.
СОУ ,,Св.Кирил и Методиј“ тендерскaта документација ја доставува за објавување и на веб страната на општина Неготино www.negotino.gov.mk и на страната на Програмата http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/
Контакт:
Цветанка Ристова
E-mail:cecang2003@gmail.com
тел. +389 70 404 912; +389 75 224 264
Проект менаџер– надворешен експерт– ENPOL-EE
СОУ „Св.Кирил и Методиј“ –Неготино

Volume1
Section1
Section2
Section3
Section4
d4h_techofferform_4dot3_en (1) d4j1_fif_en (1) ds4i_selectionformfinancial_4dot4_simpl_en ds4k_selectionformtechnical_4dot6dot5_simpl_en ds4k_techofferform_4dot6dot1dot2_simpl_en ds4k_techofferform_4dot6dot1dot3_simpl_en ds4k_techofferform_4dot6dot2_simpl_en ds4k_techofferform_4dot6dot3_simpl_en
Section5
List of entites invited to submit the tender
Volume2
Section1
Section2
Section3
ds4o_specialconditions_simpl_en
Volume3
Volume4
Volume5









На ден 08.04.2017, во гимназијата „Св.Кирил и Методиј“ во Неготино се одржа предавање на Седрик ВИЛАНИ,
и добитник на престижната награда Филдс 2010, најпрестижната награда во математиката, често сметана како еквивалент на Нобеловата награда, бидејќи таа не постои за оваа дисциплина.
Неговите главни теми на истражување се кинетичката теорија и примената на оптимален транспорт, за што напишал две референтни книги: „Тематики во оптималниот транспорт“ (2003) и „Оптимален транспорт, во минатото и денес“ (2008). Автор е, исто така, и на следните дела: „Жива теорема“ (2013) и „Куќата на математиката“ (2014).
Учениците и професорите имаа ретка можност да го слушнат предавањето на еден од врвните математички амбасадори и поп-промотор на математиката.
Неговото предавање беше динамично, емотивно, импресивно, а воедно интересно за учениците.


Г-нот Вилани ни направи голема чест гостувајќи во нашето училиште бидејќи единстеното предавање го имаше претходниот ден во МАНУ.
По покана на г-от Савари, професор по историја во гимназијата Шарл Лебрен од Кутанс (Франција) и воедно претседател на асоцијацијата “Патеки на Спомени“(Sentiers de la mémoire), нашата гимназија беше претставена од професорот Драган Трпковски и 5 ученици од билингвалните паралелки.
Тие претстојуваа од 3 до 13 март 2017 во градот Кутанс во областа Нормандија (Франција) на 6-та меѓународна конференција на тема: „Холокаустот на Ромите за време на Втората светска војна“.
Нашите ученици учествуваа на разни конференции, филмски проекции, дебати и сведоштва на преживеани луѓе од разни војни.
Со оглед на тоа дека во нашето училиште имаме билингвални паралелки, директорот на гимназијата во Кутанс ни предложи дека можеме да одбереме еден или двајца ученици од нашата гимназија да престојува еден до два месеци во нивното училиште поради усовршување на францускиот јазик, секако на товар на француската гимназија.
