На ден 22.05.2026год. во СОУ ,,Св. Кирил и Методиј” – Неготино го промовиравме 31. издание на училишниот весник ,,Младина”. Им благодарам на уредничките на овој број: Цветанка Јованова и Наташа Трајкова, техничката уредничка, Јована Богева и целиот тим новинари што вредно работеше.
Електронската верзија од весникот може да ја прочитате на следниов линк: https://heyzine.com/flip-book/ae2a85881e.html
Eко-акција за уредување и раззеленување на просторот
Во рамки на eко-акција за уредување и раззеленување на просторот, беа засадени садници од туја, со цел подобрување на животната средина и подигнување на еколошката свест кај учениците.Акцијата беше реализирана со поддршка и донација од ЈП „Национални шуми“ – Подружница Демир Капија, на кои им изразуваме голема благодарност за покажаната општествена одговорност и придонесот кон зачувување на природата.

Erasmus+ проект „Надградба на професионалните вештини преку иновативни пракси во Европа”
Со особена гордост ви споделуваме промотивни видеа и дигитална брошура од нашите ученици кои од 01.03.2026 до 14.03.2026 година престојуваа во Сливен, Р. Бугарија, во рамки на Erasmus+ проект „Надградба на професионалните вештини преку иновативни пракси во Европа.
Преку оваа мобилност, учениците имаа можност да стекнат нови професионални знаења и вештини во реална работна средина, во фабриката Мироглио и да се запознаат со современи европски практики и стандарди. Практичната работа, менторството и секојдневните предизвици придонесуваат за нивен личен и професионален развој.
Покрај стручната обука, престојот во Сливен, Р. Бугарија претставува и културно искуство – запознавање со бугарската традиција, историја и начин на живот, што дополнително ги збогатува нивните хоризонти и ја зајакнува нивната самодоверба.
Како училиште, продолжуваме посветено да им обезбедуваме на нашите ученици европски можности, практично учење и искуства кои ги подготвуваат за конкурентен пазар на труд.
СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – чекор поблиску до европското стручно образование. ????????✨
https://online.flippingbook.com/view/42113482/
На Државниот натпревар за Спелување по француски јазик за ученици од II год., ученичката Невенка Андова од билингвалната II3 го освои првото место ????????.
Учениците Ѓорѓи Димовски и Јован Тасев, исто од II3, добија пофалница.
Ековита во СОУ “СВ. Кирил и Методиј”-Неготино, учениците засадија мицелиум во пастеризирана подлога и поставија мини “фарма ” за буковки. Активноста е дел од проектот – Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Македонија , финансиран од Европската унија, спроведуван од People in Need North Macedonia , во партнерство со ARNO, LEAD и Ековита. Мал чекор во училницата, голем чекор за зелената иднина.

Денес во просториите на нашето училиште го одбележавме Светскиот ден на храната 16 ти Октомври. Ден да се потсетиме колку е важна храната и правото на секој човек на безбедна и здрава храна. Со OWIS методологијата им се овозможи на учениците критичко размислување преку визуелно доживување на едукативен филм за совесно искористување на храната .

Известување за почеток на новата учебна година
Училиштен весник ,,Младина”
Ни претставува огромна чест и задоволство да ви го претставиме јубилејното, триесетто издание на училиштниот весник ,,Младина”, списание на учениците од СОУ ,,Св. Кирил и Методиј” – Неготино.
Уреднички на новиот број се ученичките: Марија Богевска, Наташа Трајкова, Цветанка Јованова и Јована Богева кои го предводеа тимот новинари: Снежана Витановска, Сара Галабова, Викторија Ристиќ, Јован Тасев, Григориј Ризинов, Елена Костова, Андреа Јовановиќ, Дончо Димитриовски и Крсте Кочовски.
И ова издание се реализираше под менторство на проф. Маја Којчева – Величкова.
Уживајте во читањето:
Одбележан патрониот празник на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино
Со пригодна свеченост, денес беше одбележан патрониот празник на нашето училиште – СОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино. Во чест на великите сесловенски просветители, покровители на училиштето, наставници и ученици подготвија богата културно-уметничка програма со рецитали, музички точки и драмски изведби кои ја доловија важноста на нивното дело за македонската и словенската писменост и култура.
Настанот беше проследен со големо присуство на ученици, наставен кадар, родители и гости. Во своето обраќање, директорката на училиштето ја истакна улогата на Кирил и Методиј како симболи на знаењето, образованието и духовноста, кои и денес остануваат инспирација за младите генерации.
Патрониот празник беше одбележан со гордост, почит и благодарност, а училиштето уште еднаш ја потврди својата мисија како храм на знаењето и просветата.

Ден на емоции, спомени и нови почетоци????????
На 16.05.2025год. нашите матуранти го прославија завршувањето на своето досегашно образование!
Со гордост ги испративме уште една генерација млади луѓе, подготвени за нови предизвици, со насмевки, весела атмосфера и многу емоции.
Им посакуваме среќа, успех и никогаш да не го заборават својот прв чекор кон иднината – нивното училиште.
Честитки, матуранти! Вашето патување продолжува!
