Одбележување на есенски ден-историски час и спортско-рекреативни активности

 

Учениците од I и II година заедно со кл.раководители го посетија споменикот на Манчо Малиминов на кој од страна на професор по историја Дијана Јованова беше одржан историски час за животот и делото на нашиот сограѓанин Манчо Малимонов.

Учениците пак од III и IV година имаа свои екипи и го одиграа класното првенство во фудбал.Останатите присутни ученици навиваа за своите фаворити.

Посета на саемот за студии во Франција

На ден 30.10.2023 учениците од сите билингвалните паралелки го посетија Саемот за студии во Франција што се одржа во НУБ “Св. Климент Охридски”.

Саемот беше свечено отворен од министерот за образование и од амбасадорот на Франција.
Десетина државни и приватни универзитети од Франција ги претставија своите програми и кампуси пред нашите ученици.

Неколку ученици од IV година беа заинтересирани за продолжување на нивното школување во Франција и истите беа подетално информирани за начинот на аплицирање на универзитетите во Франција.

 

„Градење на капацитети на училишта за програмата Еразмус + обуки и интерактивни работилници, унапредување на вештини и развивање на инклузивни и зелени политики согласно Еразмус + приоритетите“

Во периодот од 12 до 14 Октомври 2023 год, Елица Ангелова – професор по англиски јазик при нашето училиште СОУ„Св. Кирил и Методиј“–Неготино, присуствуваше на активност за обука и соработка во полето на образование и тренинг под мото „Градење на капацитети на училишта за програмата Еразмус + обуки и интерактивни работилници, унапредување на вештини и развивање на инклузивни и зелени политики согласно Еразмус + приоритетите“ во организација на националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија.

На настанот беа дискутирани повеќе аспекти на Еразмус + проектите и можностите кои ги нуди самата програма, односно целите и приоритетите на програмата во претстојниот период (инклузија и различност , дигитална трансформација , еколошка одржливост и борба против климатски промени, учество во демократски живот ) . Целта на овие проекти е да го подржи доживотното учење, стручното усовршување и личниот развој на луѓето во образованието, младите и спортот во Европа и пошироко.

Обука на тема: “Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на средните стручни училишта и образованието на возрасните”

На 16 и 17 октомври во Скопје се одржа дводневна обука на тема “Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на средните стручни училишта и образованието на возрасните”, на која земаа учество директорката на нашето училиште проф.Сузана Стоева и заменик координаторот на овој проект проф.Елена Илиевска Честојнов.

Овој ЕУ проект започна со имплементација на 27 септември 2021 година. Стручното образование и обука како комплексен и хетероген сектор е идентификуван како најзначаен потсистем на системот на образование во однос на потребите на пазарот на трудот. Клучна улога во неговиот развој имаат обуките на кои и понатаму ќе земаме активно учество.

На ден 5.10.2023 директорката на училиштето и координаторот на билингвалните паралелки имаа работен годишен состанок со останатите училишта со двојазична франкофонска настава.
Состанокот се одржа во гимназијата Р.Ј.Корчагин во Скопје каде што беа спомнати престојните активности и проекти како и започнувањето на нова училишна размена со француската гимназија од Беле.

Денес во нашето училиште се одржа презентација за формирање на дебатен клуб од страна на локалниот координаторот на МОФ (Младински образовен форум) за нашата општина – Кристина Тодорова.

Активностите на МОФ предвидуваат учениците да учат новинарски вештини, како да дебатираат на разни теми што ги засегаат младите и да се стекнат со правни знаења за да ги знаат своите права. Истовремено, ќе имаат можност да се обучат како да изработуваат проекти и со нив да аплицираат пред домашни и меѓународни фондови за развој на младинскиот активизам.

Обележување на патрониот празник на училиштето

Денеска со пригодна програма подготвена од нашите ученици, под менторство на проф. Сузана Стоева и проф. Јонче Ангелов ги пречекавме бројните гости од Општина Неготино, предводени од градоначалникот д-р Горан Стојанов, претставници од бизнис секторот, соработници, родители, претставници од основните училишта и сегашни и пензионирани наши професори. Пред присутните се обрати и директорот на СОУ ,,Св. Кирил и Методиј” – Неготино, Ѓорѓи Ристов, кој упати порака за соработка.
Во рамки на патронатот се промовираше и им се подели на присутните и нашиот училиштен весник ,,Младина”, дело на нашите ученици, под менторство на проф. Маја Којчева – Величкова.

Училиштен весник ,,Младина”-Насочени кон врвот

Наши почитувани читатели, и годинава во чест на нашиот патронен празник ви го претставуваме нашиот училиштен весник ,,Младина”, со нов поднаслов – Насочени кон врвот.Весникот го подготвија учениците од новинарската секција при СОУ ,,Св. Кирил и Методиј” – Неготино под менторство на професорката Маја Којчева – Величкова.

https://www.flipsnack.com/68FFB8BBDC9/–cjiq11o02v/full-view.html

 

Драги матуранти,

Овој матурски ден го означува крајот на вашето образование овде и почетокот на едно ново поглавје. Го следевме вашиот раст, бевме сведоци на вашата посветеност и ги прославувавме заеднички вашите достигнувања.

Додека одите напред, запомнете ги вредностите што сте ги научиле, негувајте ги вашите пријателства и прифатете ги можностите што ви претстојат. Секогаш прифатете го непознатото со отворени срца, знаејќи дека сте подготвени за секој предизвик што ќе ви се појави. Се наоѓате на работ на неограничени можности, вооружени со знаењето и вештините што ги стекнавте. Ваше време е да блеснете, да ги исполнете вашите соништа.

Честитки, матуранти!?‍??‍?

Ви посакуваат сите вработени од
СОУ “Св.Кирил и Методиј”