
Реф.2 02-1/106-2
Покана за понуда
Согласно Одлуката на Училишниот Одбор на СОУ,,Св.Кирил и Методиј,,Неготино бр.02-1/106 од 06.12.2018 за утврдување на потреба од јавна набавка од УСЛУГИ зa Организирање Инфоденови за учениците за проектниот партнер 4 СОУ,,СвКирил и Методиј,, запроектот ЕНПОЛ-ЕЕ ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,, или “Energy efficiency in the cross border area as an indicative factor for environmental policy” согласно Договорот за грант број ,,ЕНПОЛ-ЕЕ” SO2.1-SC025 од 25.05.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА) Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – The former Yugoslav Republic of Macedonia”, СОУ„Св.Кирил и Методиј“ објавува ПОКАНА ЗА ПОНУДА со комплетна тендерска документација подготвена согласно процедуритена ЕУ (PRAG 2018) .
Истата е достапна во проектната канцеларија во СОУ ,,Св.Кирил и Методиј,,Неготино –почнувајќи од 22.03.2019 година.
Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена електронски или по пошта поставенана ЦД.
Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 05.04.2019 (четврток) до 15.00 часот, кога е и сесијата на отварање (05.04.2019 – 17.00 часот) согласно инструкциите во тендерската документација.
СОУ,,Св.Кирил и Методиј“ тендерскaта документација ја доставува за објавување и на вебстраната на општина Неготино www.negotino.gov.mk и на страната на Програмата http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/
Контакт:
ЦветанкаРистова
E-mail:cecang2003@gmail.com
тел. +389 70 404 912; +389 75 224 264
Проектменаџер– надворешен експерт– ENPOL-EE
СОУ „Св.Кирил и Методиј“ –Неготино

PART A
PART B
PART C
PART D









На ден 08.04.2017, во гимназијата „Св.Кирил и Методиј“ во Неготино се одржа предавање на Седрик ВИЛАНИ,
и добитник на престижната награда Филдс 2010, најпрестижната награда во математиката, често сметана како еквивалент на Нобеловата награда, бидејќи таа не постои за оваа дисциплина.
Неговите главни теми на истражување се кинетичката теорија и примената на оптимален транспорт, за што напишал две референтни книги: „Тематики во оптималниот транспорт“ (2003) и „Оптимален транспорт, во минатото и денес“ (2008). Автор е, исто така, и на следните дела: „Жива теорема“ (2013) и „Куќата на математиката“ (2014).
Учениците и професорите имаа ретка можност да го слушнат предавањето на еден од врвните математички амбасадори и поп-промотор на математиката.
Неговото предавање беше динамично, емотивно, импресивно, а воедно интересно за учениците.


Г-нот Вилани ни направи голема чест гостувајќи во нашето училиште бидејќи единстеното предавање го имаше претходниот ден во МАНУ.
По покана на г-от Савари, професор по историја во гимназијата Шарл Лебрен од Кутанс (Франција) и воедно претседател на асоцијацијата “Патеки на Спомени“(Sentiers de la mémoire), нашата гимназија беше претставена од професорот Драган Трпковски и 5 ученици од билингвалните паралелки.
Тие претстојуваа од 3 до 13 март 2017 во градот Кутанс во областа Нормандија (Франција) на 6-та меѓународна конференција на тема: „Холокаустот на Ромите за време на Втората светска војна“.
Нашите ученици учествуваа на разни конференции, филмски проекции, дебати и сведоштва на преживеани луѓе од разни војни.
Со оглед на тоа дека во нашето училиште имаме билингвални паралелки, директорот на гимназијата во Кутанс ни предложи дека можеме да одбереме еден или двајца ученици од нашата гимназија да престојува еден до два месеци во нивното училиште поради усовршување на францускиот јазик, секако на товар на француската гимназија.

Спојот на младоста, уметноста, умешноста, спортскиот ентузијазам, амбициозноста на учениците и наставниот кадар го акцентираа денешниот ден 21.3.2017 (вторник) преку реализација на еднодневна екскурзија до локалитетот „Антигона“ , еколошката и ликовната акција во училиштето, како и уживање во велосипедизмот.

