Ликовниот конкурс ,,Македонски раси на кучиња, најдрагите придружници на децата”

Од ликовниот конкурс ,,Македонски раси на кучиња, најдрагите придружници на децата” организиран од Кинолошки клуб ,,Македонски паничар” на кој четири ученички од нашето училиште учествуваа и истите освоија награди од прво и второ место од вкупно 541 ученик од 37 основни и средни училишта.
Честитки до сите!
I Година
1. КАРОЛИНА МАРКОВА I4 – прво место;
2. ТЕОНИЈА РИСТОВА I3 – второ место;
II година
1. ЈОВАНА ТРАЈКОВА II1 прво место и
2. СТЕФАНИЈА НАСТОВА II1 второ место.

Државен натпревар по француски јазик “Олимпијада 2023”

08.04.2023 – На државниот натпревар по француски јазик “Олимпијада 2023” за III година, ученичката Елена Јорданова од III5 го освои третото место во категоријата Билингвални паралелки. Ментор: Драган Трпковски

Регионалниот натпревар по физика

На регионалниот натпревар по физика кој се одржа на 08.04.2023 година во средното училиште Раде Јовчевски Корчагин во Скопје, следните ученици успешно го претставија нашето училиште и се пласираа на државниот натпревар по физика:
1. Нина Мечева I4 (ментор Тони Јаневски)
2. Здравко Јованов IV5 (ментор Слаѓана Пецова)
3. Василка Атанасова I2 (ментор Слаѓана Пецова)
4. Анастасија Манчева I4 (ментор Тони Јаневски).
Државниот натпревар по физика ќе се одржи на 29.04.2023 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Фотогалерија од вчерашниот настан „Средношколски маскенбал„ кој се одржа во спортската сала на нашето училиште СОУ „Св.Кирил и Методиј„ – Неготино

Во рамките на маскенбалското дефиле своите групни и поединечни маски ги презентираа учениците од осмо и деветто одделение од основните училишта „Страшо Пинџур” и „Гоце Делчев” од Неготино, учениците од ООУ „Димче Ангелов Габерот” од Демир Капија како и учениците од нашето училиште СОУ „Св.Кирил и Методиј”. Беше организирана и забавна програма со музички перформанси како и со хумористични точки изведени од страна на учениците. За најдобрите маски од секое училиште, избрани од страна на жири комисијата, беа доделени интересни награди.

Ви благодариме за присуството и се надеваме дека создадовме спомени кои ќе останат запаметени!

Регионален натпревар по Биологија

Честитки за вложениот труд, упорноста и постигнатите резултати на нашите ученици кои на регионалниот натпревар по Биологија одржан на 17.03.2023г. ги постигнаа следниве резултати:

?Елена Јорданова II награда;
?Анастасија Манчевa II награда;
– ментор Зорица Стојановска,

?Кирил Димитров III награда;
?Ивана Тимова III награда;
– ментор Валентина Манчева.

Честитки за учениците и нивните ментори и им посакуваме понатамошен успех на државниот натпревар.

Потпишување на анекс на договорот за средните училишта со двојазични франкофонски паралелки, со цел дополнително зајакнување на овие исклучителни паралелки

Во вторникот на 14 март, Амбасадорот и Министерот за Образование и наука, г.Јетон Шаќири, потпишаа анекс на договорот за средните училишта со двојазични франкофонски паралелки, со цел дополнително зајакнување на овие исклучителни паралелки, во присуство на директорите на веќе засегнатите установи: средните училишта Орце Николов и Раде Јовчевски Корчагин во Скопје, Јосип Броз Тито во Битола, Гоце Делчев во Куманово и Кирил и Методиј во Неготино, како и средното стручно училиште Лазар Танев од Скопје.

 

Обележување на зимскиот ден со планинарска и еко-акција

Обележување на зимскиот ден со планинарска и еко-акција

По повод зимскиот ден, на 17.3. 2023 год. нашите ученици и професори реализираа планинарска акција на релација Калањево-Бела Вода-Делчев Рид, во соработка со ООУ ,,Димче Ангелов Габерот” – Демир Капија. На настанот земаа учество ученици и професори од двете училишта и денот беше исполнет со дружење во природа.
Во училиштето, пак, се одржа еко-акција со цел чистење на училишниот двор.
Овие две реализирани активности се со цел меѓуучилишна соработка, јакнење на спортскиот дух, грижа за природата и нашето училиштно опкружување.
Се надеваме дека ќе имаме уште многу убави поводи за дружба.