Учество на Еко камп во Охрид
Група ученици од нашето училиште под менторство на проф.Ѓорѓи Ристов изминатиов викенд учествуваше на еко камп во Хотел „Белви“ во Охрид заедно со Здружението на граѓани „Ековита. Исто така нашето училиште имаше уште една група учесници под менторство на проф. Александар Гичовски со Спотрскиот Клуб „Клисура“ од Демир Капија.
Учениците проследија предавања на неколку различни теми – родова еднаквост и поврзаноста со климатските промени, како од идеја да стигнат до видео приказна и како да ја искористат моќта на социјалните мрежи за застапување на своите иницијативи.
На еко кампот се одржаа и неколку панел дискусии со луѓе активни во еко активизмот.
На крајот се одржа натпревар во креирање на видео, на којшто учениците со проф. Ѓорѓи Ристов го освоија првото место, а пак втората група го освоија второто место.
Еко кампот беше организиран од Институтот за комуникациски студии во рамки на проектот Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина (SHAPE), финансиран од Европскиот инструмент за демократија и човекови права.
Летни училишни спортски игри
СРЕЌЕН ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА ГОДИНА
Распоред на часови за учебната 2021/2022 година
Соопштение
1. Учениците од I и III година се прва смена на настава и приемот за истите ќе биде во 06:45ч со следниот распоред:
2.Учениците од II и IV година се втора смена на настава и приемот за истите ќе биде во 12:45ч со следниот распоред:
Феријална практика (хемиско-технолошка струка)
Учениците од прва и втора година (стручно образование) при СОУ„Св. Кирил и Методиј“ – Неготино и ова лето успешно ја реализираат феријалната практика во компаниите со кои се потпишани Меморандуми за соработка.
Феријалната практика во трањето од пет дена за учениците од прва година и десет дена за учениците од втора година се реализира во текот на месеците јуни, јули и август т.е по завршување на наставната година за време на летниот одмор на учениците.
Училиштето изразува огромна благодарност до овие компании за менторирањето на нашите ученици.
Во прилог фотографии од феријалната практика на учениците од хемиско-технолошка струка (профил:хемиски лабораториски техничар и прехранбен техничар) при нашето училиште во дел од компаниите.
ПЗУ Поликлиника ЖАНА - Биохемиска лабораторија
Шугар арт-Грозданка ДООЕЛ Неготино
Нутела Леон ДООЕЛ увоз-извоз Неготино
Успехот на нашата Ивана Спасевска како мотивација за идните генерации
Ивана Спасевска од Неготино, своето средно образование го заврши во нашето училиште СОУ „Св.Кирил и Методиј“ – Неготино, со успех дипломира на Факултетот за генетика на Claude Bernard Lyon 1, подоцна магистрира на Ecole Normale Superiere на отсекот за Биомедицина и докторира на полето на Имуно-Онкологијата повторно на Claude Bernard Lyon 1. Денес е веќе активно вклучена на полето на научно-истражувачката дејност во областа Имуно-Онкологија во Франција.
Нејзиното искуство за условите и можностите за студирање и работа во Франција може да го прочитате на следниов линк:
Ивана Спасевска -стурдирање и работа во Франција