ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА МАТУРАНТИТЕ КОИ ПОЛАГААТ ДРЖАВНА МАТУРА

Списоците на пријавени кандидати за полагање Македонски јазик и литература по простории во текот на утрешниот ден (изутрина на 04.06.2021) ќе бидат истакнати на влезните врати од училиштето и на огласна табла.

Испитот се одржува на 05.06.2021 со почеток од 10 часот но, учениците најкасно до 9:15 часот да бидат пред службениот влез на училиштето.

Задолжително да носат со себе документ за идентификација (лична карта или пасош) како и заштитна маска.

УМК

I НАГРАДА НА ДЕТСКИОТ ЛИКОВЕН КОНКУРС „ЗИМСКА ПРИКАЗНА”

Во Музејот на македонската борба на 19.05.2021 беа доделени наградите за победници на детскиот ликовен конкурс „Зимска приказна”, организиран од Амбасадата на Руската Федерација и „Россотрудничество“.
Конкурсот беше одржан во пресрет на Нова година и Божиќ и е посветен на традициите за овие празници во нашите земји. На натпреварот учествуваа над 320 деца од различни македонски градови, според информациите од Руската амбасада.
Учество зема и нашата ученичка Зорица Биковска која освои прва награда, во категорија од 14-18години.
Честитки за нашата ученичка!

Промоција на првата збирка поезија на нашата ученичка Деа Балкански

Промоција на првата збирка поезија на нашата ученичка Деа Балкански На 29.05.2021 год. се случи промоција на првата збирка поезија на нашата матурантка Деа Балкански. Промотор и рецензент на настанот беше професорката Маја Којчева – Величкова, а на присутните им се обрати и професорката Александра Илиева.

Ѝ посакуваме на Деа уште многу книжевни и животни достигнувања.

Патронен празник на училиштето

Едно поинакво обележување на патрониот празник – видео честитка изработена од нашите ученици, под менторство на професорката Маја Тефова.

Уште еднаш, нека ни е честит патрониот празник!

Државни натпревари по француски јазик

На државните натпревари по француски јазик, учениците од билингвалните паралелки постигнаа оваа година одлични резултати:

Загорка ПАНОВА, I5, I место на државниот натпревар  по француски јазик за прва година за видео и PowerPoint презентација на тема “ Моето секојдневие со Ковид 19”

Аделина Леа МАРАНГУ, III5, III место на државниот натпревар  по француски јазик за трета година “Олимпијади 2021”, во категоријата Билингвални паралелки, како и за

Даме ДИМОВ, ученик во I1, финалист на натпреварот за француска шансона каде очекуваме место во првите тројца (30 мај 2021)

Ментор: Драган ТРПКОВСКИ

Честитка по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“

Поставувањето на темелите на писменоста на словенските народи е само дел од придобивките со кои нè задолжија сесловенските браќа Кирил и Методиј. Нивната благородна мисија денес обединува многу народи, кои преку писменоста како едно од основните обележја, вложуваат во промоцијата на сопствената историја, култура и традиција. Горди сме што нашето училиште го носи токму името на овие две најзначајни личности кои се дел од нашата колективна меморија.

Нека ни е честит патрониот празник и денот на сите просветни работници!

Посета на амбасадорот на Франција

На наше задоволство, денес беше во посета амбасадорот на Франција, господинот Cyrille Baumgartner со кој отворивме дискусија за подобрување на условите и мотивирање на учениците да го изучуваат францускиот јазик.

Од наша страна беше претставено нашето средно општинско училиште и билингвалните паралелки кои за прв пат се отворени токму во нашиот град. Со задоволство разговаравме за проектот за соработка со училиштата во Франција кој постои повеќе години.

Се надеваме на идна успешна соработка која ќе ни овозможи да го промовираме францускиот јазик на уште повисоко ниво.


Регионален натпревар по биологија

Честитки за учениците кои земаа учество и постигнаа значителни резултати на регионалниот натпревар по Биологија кој оваа година се одржа по електронски пат на ден 10.05.2021 година.

Ученици од I година:
II награда – Јорданова Елена I5
Пофалница: Мила Толова I5
Пофалница: Панова Загорка I5

Ученици од III година:
III награда – Милена Камчева III5
Пофалница: Верица Димитрова III5

Уште еднаш, искрени честитки за нашите ученици и нивната менторка Зорица Стојановска и им посакуваме успех на државниот натпревар на ученичките кои се пласираа.