
Денес во нашето училиште беше оддржана презентација од страна на претставници на МВР и Здравствен дом – Неготино за Повреди од пиротехнички материјали за учениците од I и II година.На презентацијата беше нагласено за штетноста по здравјето од употребата на пиротехнички материјали и казнивоста за истите.
Нова година е веќе на прагот, а со неа и можноста некој да остане без прсти, без око или со изгореници, а причината е користење на пиротехнички средства, особено петарди. Најголем број од жртвите се деца и тинејџери. Заради едуцирање на учениците, беше спроведено ова едукативно предавање со цел да се погрижиме заеднички да ја дочекаме Новата година среќни во мир и благосостојба, без користење на пиротехнички средства.
На 07.12.2023 година во нашето училиште за учениците од III и IV години беше одржана презентација за Промовирање на воената обврска од страна на вработени во касарната Криволак.












Освоено 3-то место на Републички натпревар по француски јазик во спелување за II година.
Браво за нашата ученичка Маријана Николова која го освои третото место, како и за Христина Недева 7️⃣ и Нина Мечева 8️⃣место.
Сите се дел од билингвалната II4.
Ментор: Драган Трпковски

Благодарение на Францускиот Институт од Скопје, професорите Драган Трпковски и Тони Јаневски кои се дел од тимот професори кои предаваат во двојазичните паралелки, остварија работна посета на ректоратот од академскиот регион Оверња-Рона-Алпи и на средното училиште од градот Беле.
Целта на посетата беше запознавање на менаџерскиот тим од партнерското француско училиште како и можноста за започнување на проект за школски размени од Еразмус+.
Двете страни се согласија соработката да се продлабочи со започнување на ателјеа помеѓу нашите и француските ученици.
Првата посета на француското училиште е предвидена за периодот мај 2024.

НОВИНАРСКИ КЛУБ
СОУ ,,Св. Кирил и Методиј“ – Неготино е едно од десетте средни училишта кои станаа дел од проектот на USAID и IREX со наслов ,,Младите размислуваат“.
Проектот го спроведуваат Младинскиот образовен форум и Македонскиот институт за медиуми и има за цел унапредување на медиумската писменост кај учениците од основните и средните училишта.
Во рамките на проектот младите ќе ги изучуваат новинарските и медиумските вештини.
Координатор на проектот е проф. Маја Којчева – Величкова.

Свечена програма во чест на ТX-фондацијата по повод извршената реконструкција на училишната зграда
Денес во нашето училиште беше одржана свечена програма во чест на ТX-фондацијата по повод извршената реконструкција на училишната зграда (кровна реконструкција, менување прозорци и молерски работи).
Врз основа на потпишаниот меморандум за соработка помеѓу општина Неготино и добротворната фондација Тиекс за реновирање на зградата на училиштето и подобрување на условите за одвивање на образовно-воспитниот процес, во изминатиот период се одвиваа градежни активности.
Се извршија поправки и изолација на централниот покрив на училиштето, поставување на галериски прозорци и поправка и молерисување на ѕидовите.
Благодарност до донаторот!
Вашиот хуман гест и благородно срце го направија нашето училиште вистински дом за нашите ученици.
![]()
Европскиот ден на правдата – 25 Октомври
По повод Европскиот ден на правдата – 25 Октомври, во посета на Основен суд Неготино присуствуваа ученици од III (трета) година од СОУ ,, Свети Кирил и Методиј ” – Неготино.

Членовите на ЕКО секцијата во нашето училиште ни го разубавија и збогатија денешниов ден со изработка на цртежи со еко содржини, создаваа дела со елементи од природата и успешно рециклираа.

Одбележување на есенски ден-историски час и спортско-рекреативни активности
Учениците од I и II година заедно со кл.раководители го посетија споменикот на Манчо Малиминов на кој од страна на професор по историја Дијана Јованова беше одржан историски час за животот и делото на нашиот сограѓанин Манчо Малимонов.
Учениците пак од III и IV година имаа свои екипи и го одиграа класното првенство во фудбал.Останатите присутни ученици навиваа за своите фаворити.

























































