На ден 5.10.2023 директорката на училиштето и координаторот на билингвалните паралелки имаа работен годишен состанок со останатите училишта со двојазична франкофонска настава.
Состанокот се одржа во гимназијата Р.Ј.Корчагин во Скопје каде што беа спомнати престојните активности и проекти како и започнувањето на нова училишна размена со француската гимназија од Беле.

Денес во нашето училиште се одржа презентација за формирање на дебатен клуб од страна на локалниот координаторот на МОФ (Младински образовен форум) за нашата општина – Кристина Тодорова.

Активностите на МОФ предвидуваат учениците да учат новинарски вештини, како да дебатираат на разни теми што ги засегаат младите и да се стекнат со правни знаења за да ги знаат своите права. Истовремено, ќе имаат можност да се обучат како да изработуваат проекти и со нив да аплицираат пред домашни и меѓународни фондови за развој на младинскиот активизам.

Обележување на патрониот празник на училиштето

Денеска со пригодна програма подготвена од нашите ученици, под менторство на проф. Сузана Стоева и проф. Јонче Ангелов ги пречекавме бројните гости од Општина Неготино, предводени од градоначалникот д-р Горан Стојанов, претставници од бизнис секторот, соработници, родители, претставници од основните училишта и сегашни и пензионирани наши професори. Пред присутните се обрати и директорот на СОУ ,,Св. Кирил и Методиј” – Неготино, Ѓорѓи Ристов, кој упати порака за соработка.
Во рамки на патронатот се промовираше и им се подели на присутните и нашиот училиштен весник ,,Младина”, дело на нашите ученици, под менторство на проф. Маја Којчева – Величкова.

Училиштен весник ,,Младина”-Насочени кон врвот

Наши почитувани читатели, и годинава во чест на нашиот патронен празник ви го претставуваме нашиот училиштен весник ,,Младина”, со нов поднаслов – Насочени кон врвот.Весникот го подготвија учениците од новинарската секција при СОУ ,,Св. Кирил и Методиј” – Неготино под менторство на професорката Маја Којчева – Величкова.

https://www.flipsnack.com/68FFB8BBDC9/–cjiq11o02v/full-view.html

 

Драги матуранти,

Овој матурски ден го означува крајот на вашето образование овде и почетокот на едно ново поглавје. Го следевме вашиот раст, бевме сведоци на вашата посветеност и ги прославувавме заеднички вашите достигнувања.

Додека одите напред, запомнете ги вредностите што сте ги научиле, негувајте ги вашите пријателства и прифатете ги можностите што ви претстојат. Секогаш прифатете го непознатото со отворени срца, знаејќи дека сте подготвени за секој предизвик што ќе ви се појави. Се наоѓате на работ на неограничени можности, вооружени со знаењето и вештините што ги стекнавте. Ваше време е да блеснете, да ги исполнете вашите соништа.

Честитки, матуранти!?‍??‍?

Ви посакуваат сите вработени од
СОУ “Св.Кирил и Методиј”

Матурски бал – 2023г.

Денес градскиот плоштад пулсираше во ритамот на традиционалната манифестација Матурски бал – 2023 година. 60-тина матуранти од СОУ„Св. Кирил и Методиј“ го одиграа матурскиот бал заедно со своите врсници од повеќе градови од Република Македонија.

Ви го честитаме матурирањето наши драги матуранти со желби за добро здравје и среќа во животот, како и успех на личен и професионален план.

Новинарите од Телевизија Страшо Пинџур (ОУ”Страшо Пинџур” -Неготино) заедно со нашите колеги ви ги претставуваат образовните можности кои ги нуди нашето училиште.

Работилница “Био-технологија во мојот свет – Програма за искуствено учење”

Минатата недела во Велес, наши ученици од профилот Хемиски лабораториски техничар од I, II, III и IV год. земаа учество во дводневната работилница “Био-технологија во мојот свет – Програма за искуствено учење” во рамките на програмата “Bio-hack my world” спроведена во соработка со UNICEF, UNDP и ЦСОО. Обуката беше реализирана од универзитетски професори од Технолошко-металуршки факултет, Земјоделско-шумарски факултет и Економски факултет, а како ментори на работилницата и на учениците беа проф. Елена Илиевска Честојнов и проф. Думеника Јанева кои претходно учествуваа на ваква работилница. На обуката учениците имаа можност да изведуваат интересни експерименти каде преку употреба на био отпад се добива производ кој може да најде примена во нашето секојдневие, а воедно со тоа и да се зачува животната средина.