СОУ„Св.Кирил и Методиј“ – Неготино на Меѓународната филозофска олимпијада во Хелсинки, Финска

Горди на најголемиот успех????

Нашата ученичка Елена Јорданова од IV5 ќе учествува на Меѓународната филозофска олимпијада во Хелсинки, Финска(16-19 мај) под менторство на проф Даниела Гражданлиева. На 30.03.2024 год во Скопје се одржа македонскиот натпревар за Меѓународната филозофска олимпијада на која нашата ученичка Елена Јорданова го освои првото место????со што се пласира на финалниот натпревар.

На истиот учествуваа и нашите ученички Андреа Јовановска и Марија Пенкова на кои им честитаме за нивното учество.

Им посакуваме голем успех на нашата ученичка и нејзиниот ментор на натпреварот во Хелсинки.