Летни училишни спортски игри

За првпат после ковид кризата се одржаа Летни училишни спортски игри во сите колективни спортови во Охрид, а во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.
Нашето училиште учествуваше со машка екипа во ракомет, и го освои првото место.

СРЕЌЕН ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

Драги средношколци и драги вработени во СОУ,, Св. Кирил и Методиј”- Неготино, денес за првпат по подолго време го слушнавме училишното ѕвонче и тоа разбуди радост и надеж кај сите нас. Да се надеваме дека набрзо ќе ѝ дојде и крајот и на оваа пандемија која влијае на нашите животи од март 2020 година.
Но, за конечно да се вратиме во нормала треба сите заеднички да останеме одговорни. Да покажеме дека нема да дозволиме ширење на вирусот, да носиме маски, да држиме растојание и да се дезинфицираме! Преку личен пример да дадеме свој придонес за училишниот џагор секојдневно да се слуша.
Среќен почеток на сите и многу успеси!

Соопштение

Почитувани родители и ученици,
СОУ ,,Св.Кирил и Методиј“ – Неготино Ве известува дека наставната 2021/22 година ќе започне на 1 септември по следниот распоред:


1. Учениците од I и III година се прва смена на настава и приемот за истите ќе биде во 06:45ч со следниот распоред:
-за учениците од I година приемот ќе биде пред службениот влез на училиштето (влез 2) од страна на класните раководители и редарите во училиштето кои понатаму ќе ги упатат кон соодветните училници.
– за учениците од III година приемот ќе биде пред влезот за ученици (влез 1) од страна на класните раководители и редарите во училиштето кои понатаму ќе ги упатат кон соодветните училници.


2.Учениците од II и IV година се втора смена на настава и приемот за истите ќе биде во 12:45ч со следниот распоред:
-за учениците кои ќе следат настава во училниците со реден број 1, 2, 3, 4, 5, 6, 18, 19, 20, 22 и 23 влегуваат и излегуваат од влез 1 (влезот за ученици). Приемот ќе биде од страна на класните раководители и редарите во училиштето.
– за учениците кои ќе следат настава во училниците со реден број 7, 8, 9, 10, 11, 12, 14, 16 и 26 влегуваат од влез 2 (службен влез), а излегуваат на излезот за ученици кај спортската сала. Приемот ќе биде од страна на класните раководители и редарите во училиштето.


ВИ ПОСАКУВАМЕ СРЕЌЕН ПОЧЕТОК НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА!

Феријална практика (хемиско-технолошка струка)

Учениците од прва и втора година (стручно образование) при СОУ„Св. Кирил и Методиј“ – Неготино и ова лето успешно ја реализираат феријалната практика во компаниите со кои се потпишани Меморандуми за соработка.

Феријалната практика во трањето од пет дена за учениците од прва година и десет дена за учениците од втора година се реализира во текот на месеците јуни, јули и август т.е по завршување на наставната година за време на летниот одмор на учениците.

Училиштето изразува огромна благодарност до овие компании за менторирањето на нашите ученици.

Во прилог фотографии од феријалната практика на учениците од хемиско-технолошка струка (профил:хемиски лабораториски техничар и прехранбен техничар) при нашето училиште во дел од компаниите.

ПЗУ Поликлиника ЖАНА - Биохемиска лабораторија

 

Шугар арт-Грозданка ДООЕЛ Неготино

 

Нутела Леон ДООЕЛ увоз-извоз Неготино

 

Успехот на нашата Ивана Спасевска како мотивација за идните генерации

Ивана Спасевска од Неготино, своето средно образование го заврши во нашето училиште СОУ „Св.Кирил и Методиј“ – Неготино, со успех дипломира на Факултетот за генетика на Claude Bernard Lyon 1, подоцна магистрира на Ecole Normale Superiere на отсекот за Биомедицина и докторира на полето на Имуно-Онкологијата повторно на Claude Bernard Lyon 1.  Денес е веќе активно вклучена на полето на научно-истражувачката дејност во областа Имуно-Онкологија во Франција.

Нејзиното искуство за условите и можностите за студирање и работа во Франција може да го прочитате на следниов линк:

Ивана Спасевска -стурдирање и работа во Франција

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА МАТУРАНТИТЕ КОИ ПОЛАГААТ ДРЖАВНА МАТУРА

Списоците на пријавени кандидати за полагање Македонски јазик и литература по простории во текот на утрешниот ден (изутрина на 04.06.2021) ќе бидат истакнати на влезните врати од училиштето и на огласна табла.

Испитот се одржува на 05.06.2021 со почеток од 10 часот но, учениците најкасно до 9:15 часот да бидат пред службениот влез на училиштето.

Задолжително да носат со себе документ за идентификација (лична карта или пасош) како и заштитна маска.

УМК