Едукативно-креативна работилница

На ден 14.03.2022 год.  дел од ученичките од IV-9 клас, под менторство на професорките Маја Којчева – Величкова и Зорица Димовска реализираа едукативно-креативна работилница за женските права, познатите жени во историјата на човештвото и Емили Дикинсон, како и за тоа како се создава поезија. Гости на работилницата ни беа учениците од основните училишта ,,Гоце Делчев”, ,,Страшо Пинџур” и ,,Димката Ангелов – Габерот” од Демир Капија под менторство на професорките Александра Јованова, Нина Јовановска – Јакова и Нетка Богевска. На крајот учениците создадоа хамери со творби кои ќе ги красат ѕидовите од нашето училиште.