Државен натпревар по Биологија

Честитки за успесите на нашите ученици, кои на државниот натпревар по Биологија одржан на 14.05.2022 повторно не направија горди.
?Кирил Димитров I година – III наградa
ментор:Валентина Манчева
?Елена Јорданова II година – III награда
ментор: Зорица Стојановска.

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ОТВОРЕН ДЕН ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ

Во петокот, 13.05.2022 година, ги отворивме вратите на нашето училиште СОУ ,,Св. Кирил и Методиј” – Неготино и им посакавме добредојде на нашите гости, учениците од ООУ ,,Гоце Делчев” и ,,Срашо Пинџур”- Неготино и ООУ ,,Димката Ангелов – Габерот” од Демир Капија. Им посакавме добредојде и на учениците од нижото музичко училиште во Неготино кои го збогатија настанот со прекрасна музичка програма. Им се заблагодаруваме и на нашите соработници, компаниите ,,Еуроникел Индустри”, ,,Дрекслмајер”, ,,Корона” и “Технички институт Македонија”, што беа дел од настанот. Им се заблагодаруваме и на нашите вредни ученици и професори кои го реализираа настанот. Да си посакаме уште многу успешни соработки.

Литературен конкурс

СОУ “Св. Кирил и Методиј” – Неготино по повод Патронатот на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:

Посевот на браќата Кирил и Методиј го жнеат и денешните генерации

Личните творби ( проза и поезија) да се достават до комисијата во состав:
1.Сузана Стоева
2.Алекдандар Гичовски
3.Олгица Димитрова

Личните творби да се достават најдоцна до 19.05.2022.

Ви благодариме за соработката.

Известување

Драги ученици,ве известуваме дека од утре 28.04.2022 (Четврток) вратите на нашето училиште се отворени и ќе има настава. За учениците од селата превозот е обезбеден. Остануваат истите смени т.е за I и III година претпладне а II и IV година попладне. За учениците од I година кои се вклучени во ПИСА тестирањето,ве известуваме дека истото ќе се одржи на 29.04.2022 (Петок) од 09 часот. Учениците треба да бидат во училиштето во 08:30. Во прилог ви го даваме и соопштенитето за тестирањето.

Регионален натпревар по Физика

Честитки за големите успеси, вложениот труд и упорноста на нашите ученици кои на регионалниот натпревар по Физика одржан на 02.04.2022година ги постигнаа следниве резултати и се пласираа за учество на државен натпревар:
?Ристе Пенков I1 – III награда
(Ментор: Слаѓана Пецова)
?Здравко Јованов III5 – III награда
(Ментор: Тони Јаневски)
?Емилија Костова III5 – II награда
(Ментор: Тони Јаневски)
Честитки до учениците и нивните ментори и им посакуваме многу успех на државниот натпревар.

Маскенбал 2022 година

Нашите ученици дел од општинскиот,,Маскенбал 2022 год.”
Учениците Илија Колев IV-4 клас, Андреа Јовановска II-5 клас, Даме Димов II-1 и Благица Димитрова II-1 клас, под менторство на професорката Сузана Стоева, а во придружба на професорката Олгица Димитрова, учествуваа на манифестацијата ,,Маскенбал 2022 год.” и ја збогатија првоаприлската еуфорија со прекрасен хумористичен скеч. Секоја чест за нив и за добрите вибрации кои ги споделија со бројната публика.

Републички натпревар за спелување по француски јазик

На 2 април, на Републичкиот натпревар за спелување по француски јазик, акредитиран од МОН, втора година, учестуваа ученици од билингвалната и од општата гимназија. Ученичката Лилјана НОТКОВА од II1 го освои I место додека ученикот Тодор ДИМИТРОВ од II5 го освои III место. Нивен ментор е Драган Трпковски.
На натпреварот учествуваа вкупно 29 ученици а истиот се одржа на Филолошкиот факултет во Скопје.

Во рамките на шестмесечното претседавање на Франција со ЕУ, Француската амбасада во соработка со Францускиот Институт од Скопје организираше конференција на повеќе теми: Улогата на општеството во детектирањето на лажните вести, како да се спречат и како да се антиципира при појавите на говор на омраза, на сексуална, етничка или расна дискриминација на социјалните мрежи.
Настанот се случи во домот на културата во Прилеп а учесници беа г-от Н.Е. Амбасадорот Сирил Бомгартнер, г-от Претседател на Р. Северна Македонија Стево Пендаровски, француски и домашни експерти. На овој настан беа поканети неколку ученици од билингвалните паралелки коишто активно учестуваа во дебатата.

 

 

 

 

Еко-акција во СОУ ,,Св. Кирил и Методиј”- Неготино

Заеднички ѝ се радуваме на пролетта и на новостите во нашето училиште. Под мотото ,,Ајде заеднички да го исчистиме новооградениот училишен двор” учениците и вработените во СОУ ,,Св. Кирил и Методиј”- Неготино, денеска реализираа еколошка акција, во која, секој по малку придонесе за разубавување на дворот и за подигнување на свеста за грижа за животната средина. Инаку, половина од средствата за изградба на оградата беа обезбедени од училишниот буџет, а половина беа обезбедени преку донација од народот на Соединетите Американски Држави, со поддршка од Европската команда на САД, Канцеларијата за одбранбена соработка и Американската амбасада во Скопје. Проектот беше реализиран во периодот април 2021 – февруари 2022 год. и им се заблагодаруваме на сите чинители кои активно беа вклучени во неговата реализација, бидејќи оградувањето е од исклучителна важност за нашето училиште. И за денот да биде уште поубав, денеска беа засадени и дрвца, кои ни беа подарени и за кои, исто така, се заблагодаруваме. Соработката носи поубава иднина за сите!

Францускиот јазик е јазикот на љубовта, зборуван од над 320 милиони франкофони низ светот.
По повод месецот на Франкофонијата, учениците од билингвалната паралелка III5 заедно со професорката по француски јазик Александра Илиева изработија цртежи, фотографии, цитираа поеми од познати француски поети под мотото ,,Францускиот јазик не зближува” ????