Денес на 14.03.2023 год. во 13 часот, активот по математика при СОУ ,,Св. Кирил и Методиј” Неготино, организира прослава на Пи денот (Лудолфов број или Архимедова константа) – ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ДЕН НА МАТЕМАТИКАТА. На прославата учествуваа ученици од нашето училиште, но и ученици заедно со нивните наставници од двете основни училишта во Неготино: ОУ ,,Страшо Пинџур” и ОУ ,,Гоце Делчев”. Учениците беа задоволни од заедничката дружба, која беше проследена со презентација за бројот Пи и квиз на кој учествуваа 12 групи по 3 деца, а I, II и III место беа наградени со скромни подароци. Денес имаше одлична соработка на математичарите во нашиот град.