Успех на нашите ученици на Државниот натпревар по Филозофија

Нашите ученици повторно го претставија успешно нашето училиште на Државниот натпревар по Филозофија кој се одржа на 11.03.2023 год. на Филозофскиот факултет во Скопје.

Ученикот Никола Димчев од IV2 го освои второто место, а ученичката Јована Мечева од IV5 го освои третото место. Постигнатиот успех им овозможи и на двајцата ученици учество на македонската филозофска олимпијада која ќе се одржи на ден 01.04.2023 во СУГС “Орце Николов” – Скопје.

Им посакуваме успех и понатамошен пласман на Меѓународната филозофска олимпијада (11-14 мај) во Грција.

Ментор: Даниела Гражданлиева

Денес на 14.03.2023 год. во 13 часот, активот по математика при СОУ ,,Св. Кирил и Методиј” Неготино, организира прослава на Пи денот (Лудолфов број или Архимедова константа) – ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ДЕН НА МАТЕМАТИКАТА. На прославата учествуваа ученици од нашето училиште, но и ученици заедно со нивните наставници од двете основни училишта во Неготино: ОУ ,,Страшо Пинџур” и ОУ ,,Гоце Делчев”. Учениците беа задоволни од заедничката дружба, која беше проследена со презентација за бројот Пи и квиз на кој учествуваа 12 групи по 3 деца, а I, II и III место беа наградени со скромни подароци. Денес имаше одлична соработка на математичарите во нашиот град.

Спортска дружба

На ден 06.03.2023 година во спортската сала на СОУ ,,Св. Кирил и Методиј’’ – Неготино се одржа заедничка спортска дружба со ревијални натпревари во одбојка помеѓу учениците од СОУ ,,Св. Кирил и Методиј’’ – Неготино и двете основни училишта ООУ ,,Страшо Пинџур’’ и ООУ ,,Гоце Делчев’’- Неготино. Спортското дружење подоцна продолжи со размена на искуства и идеи во просториите на Реалната компанија во училиштето, каде за учениците беа подготвени вкусни палачинки од страна на вредните раце на средношколците и вработените.
Се надеваме дека ќе имаме уште многу убави поводи за дружба и дека соработката ќе продолжи на многу различни начини и со многу креативни идеи од нашите ученици.

Државен натпревар „Спелување на француски јазик„

На Државниот натпревар, ?? Спелување на француски јазик??, учениците од втора година, од билингвалната паралелка освоија:
?ТРЕТО? место- КИРИЛ ДИМИТРОВ
? ШЕСТО? место – ВЕСНA ЈАНЕВСКА

ЧЕСТИТКИ!

Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

По повод 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, се оддржа настан во аулата на училиштето. Под мотото “Сите сме исти, но сепак различни!”учениците земаа учество во улоги на лица со попреченост и нивното секојдневно соочување со пречките на кои наидуваат. Целта е развивање на свеста за пружење на помош во потребна ситуација. Настанот беше организиран од страна на дефектологот Маријана А. Гонева.

На ден 21.11.2022 год.(понеделник), се реализираше ”Отворен ден” во рамки на ученички иницијативи при СОУ”Св.Кирил и Методиј “- Неготино.

Активноста беше реализирана во училиштето од страна на учениците од IV1  клас(гимназиско образование), заедно со Тимот за координација на ученички иницијативи од училиштето, а по повод 20 ноември- Светскиот ден на детето.

Учениците изработуваа пораки кои се однесуваат на правата на детето и  истите беа поделени меѓу учениците во училиштето.

Преку ваквата активност учениците го обележаа овој значаен датум и упатија порака и поттик сите заедно да работиме на развивање на свеста за толеранција кај децата и елиминирање на секој вид на насилство ,почитување на различностите  и придонес за нивен правилен психофизички развој,како и живот во духот на мир,достоинство,слобода и безгрижно детство.

 

 

 

На ден 26.11.2022 (сабота), професорите од билингвалниот актив заедно со други професори по француски јазик од општината, учествуваа на обуката “ Употреба на интерактивната табла на часовите по француски јазик и на нелингвистичките дисицплини”. Обуката беше спроведена од страна на проф. Анка Веселинова, од Францускиот Институт во Скопје.
Професорите беа запознати со многубројни апликации и алатки, корисни во планирањето на нивните наставни единици. На крајот професорите изработија неколку вежби користејќи ги новите апликации.