Еколошка акција

Денес, 28.04.2021 (среда), во нашето училиште одржавме еколошка акција при која ги доделивме наградите на добитниците од конкурсот “Еко свет”.

Заедно извршивме многу работи сѐ со цел да го збогатиме нашето училиште со зеленила, чистота и пријатна атмосфера.

Уште еднаш им честитаме на наградените ученици на конкурсот и упатуваме голема благодарност до директорката Донка Јованова, професорката по македонски јазик Маја Којчева, како и сите професори кои беа во жирито, до Младинската организација и сите присутни на настанот.

 

Конкурс за литературни творби по повод Патрониот празник на училиштето

Драги ученици

СОУ „Св. Кирил и Методиј“ во чест на нашиот и ваш претстоен Патронен празник распишува Конкурс за литературни творби ( поезија и проза) на тема:

Кирил и Методиј- апостоли на словенската писменост и култура

Есејот треба да содржи од 350-450 збора. Рокот за доставување на творбите е 18 мај 2021година, а бројот на доставените творби е неограничен. Сите заинтересирани ученици своите творби да ги достават на следнава е-маил адреса: majakojceva@gmail.com

Голема благодарност од Активот по македонски јазик и литература

Честитки до ученичката Елена Тимова од IV-5 за освоено I место на регионалниот натпревар по француски јазик, “Dis-moi dix mots” кој се одржа на платформата Teams на (22.03.2021). Во исчекување се и резултатите од одржаниот државен натпревар.

Ментор: Александра Илиева

Регионален натпревар по англиски јазик

Честитки за учениците кои земаа учество и постигнаа значителен успех на регионалниот натпревар по англиски јазик (17.04.2021 г.) и воедно се квалификуваа за учество на државен натпревар по англиски јазик.

 

Ученици од I година:

I место – Мила Толова I-5

II место – Елена Јорданова I-5

Ментор: Тодор Пашлаков

 

Ученици од III година:

I место – Лилјана Ристовска III-5

III место – Росица Бојаџиева III-5

Ментор: Тодор Пашлаков

Општински натпревар по Биологија

Честитки за учениците кои земаа учество и постигнаа значителни резултати на општинскиот натпревар по Биологија кој оваа година се одржа по електронски пат на ден 14.04.2021 година.

Ученици од I година:

I награда – Јорданова Елена I5

III награда – Мила Толова I5

Пофалница: Панова Загорка I5

Учество: Тодор Димитров

Ученици од III година:

III награда – Милена Камчева III5

III награда – Верица Димитрова III5

Уште еднаш, искрени честитки за нашите ученици и нивниот ментор и им посакуваме успех на Регионалниот натпревар .

Известување до матурантите кои полагаат училишна матура

Учениците кои полагаат училишна матура или завршен испит (за стручните паралелки) треба да пополнат пријава во просториите на стручната служба во периодот од 15.04.2021 до 30.04.2021 (најдоцна до 13h )

УМК при СОУ,, Св. Кирил и Методиј” – Неготино


 

„РАЗВИЕНОСТА НА ЕКОЛОШКАТА СВЕСТ КАЈ МЛАДИТЕ”

Живееме во свет на којшто секојдневно му се закануваат еколошки кастастрофи. Ние како сè повеќе да стануваме глуви за зачувување на животната средина. Во “Развиеноста на еколошката свест кај младите”, нашата ученичка Елена Тимова од четврта година и нејзиниот врсник Станиша Станковиќ од Битола, поразговараа со младите како и колку тие се грижат за почиста околина и колкава е развиеноста на еколошката свест кај мадите.

 

Говорници за еколошката свест: Проф. Александра Илиева по француски во нашето училиште, Насер Велиу, млад екоактивист од EYO и Мирјана Шишкова, ученичка од училиштето“Гоце Делчев”- Неготино.

ЕНПОЛ-ЕЕ – успешно реализиран проект

Проектот со акроним Енпол-ЕE беше реализиран во партнерска соработка на општина Неготино, СОУ Св. Кирил и Методиј, општина Пела и општинското јавно претпријатие за култура и развој на општина Пела.
Денес, успешното завршување на проектот ЕНПОЛ-ЕЕ од програмата за прекугранична соработка Р. Грција – Р. Северна Македонија беше означено со засадување на 200 садници на 2 локации во градот.