Известување

Почитувани ученици и родители,

Во вторник, во 10 часот ќе се организира задолжително тестирање (задолжителен пробен час) за сите училишта и сите ученици кои треба да посетуваат онлајн настава. Ова е исклучително важен чекор за тестирање на функционалноста на платформата.

Затоа е потребно Вие, наши ученици во договор со класните раководители во текот на утрешниот ден, понеделник,  да ги подигнете вашите податоци за најава на националната платформа за учење на далечина. Притоа, неопходно е од утре задолжително да ги проверувате своите е – маил адреси и да ги следете упатствата кои ќе ги добиете.

 

Упатство за ученици и за родители за најава и користење на националната платформа за учење на далечина

Честитки на ученичките за освоена прва награда на регионалниот натпревар по Биологија

Честитки за ученичките Милена Камчева и Верица Димитрова од билингвалната паралелка II5, за освоената прва награда на регионалниот натпревар по Биологија кој оваа година се одржа по електронски пат на ден 24.08.2020 година.
Уште еднаш, искрени честитки за нашите ученички и им посакуваме успех на Државниот натпревар .

Учество на конкурсот за средношколски есеи распишан од страна на Меѓународниот Славјански Универзитет “Г. Р. Державин”.

Покрај онлајн наставата, нашите ученици неуморно продолжија со своите активности. Неколку ученици од нашето училиште зедоа учество на конкурсот за средношколски есеи распишан од страна на Меѓународниот Славјански Универзитет “Г. Р. Державин”. Тие се здобија со уште едно позитивно искуство.

Ученичките Невенка Дишева, Емилија Сотировска и Камелија Митрова добија сертификати под менторство на професорката Снежана Ристова, ученичките Антонела Ставровска, Зорица Нацева, Јована Мечева и Радица Златева под менторство на професорката Маја Тефова и Елена Ефтимова и Милена Камчева под менторство на професорката Љубица Златановска.

Нивните есеи се дел од книгата “Средношколски размислувања 4” издадена од универзитетот. Со своите есеи имаа можност да ги искажат своите мисли за сите сфери од животот и да ги надоградат своите знаења.

Тренинг за медиумска писменост

Нашите ученички, Јована Анѓелковска и Елена Тимова, беа дел од тренингот за тренери на тема Медиумска писменост во рамките на „Хаштаг медиумска писменост“, којшто беше спроведен од Прогрес Плус. Истиот се одржа во Хотел „Бисер“, Струга од 4 до 6 септември.

Ученичките заедно со свои врсници од Кавадарци се стекнаа со вештини за едуцирање на тема медиумска писменост. Почитувајќи ги сите мерки за заштита за време на пандемија ги проследија сите интерактивни предавања.

Јована и Елена беа задоволни од овој тренинг и ќе се обидат стекнатото знаење да го пренесат на своите соученици кога ќе започне новата учебна година.

Јавен повик за доделување на признанието Успешни млади, претседател на Р. Северна Македонија

Би сакале да Ве информираме дека претседателот Стево Пендаровски објави повик за признанието „Успешни Млади“.

Признанието го доделува претседателот на Република Северна Македонија како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во Република Северна Македонија.

Признанието се доделува за резултати постигнати во текот на 2019 година, во осум (8) категории:

  1. Најдобар/а млад/а научник/чка во општествените науки;
  2. Најдобар/а млад/а научник/чка во хуманистичките науки;
  3. Најдобар/а млад/а научник/чка во природно-математичките и техничките науки;
  4. Најдобар/а млад/а  научник/чка во медицинските науки;
  5. Најдобар/а млад/а иноватор/ка;
  6. Млад талент (за ученици и ученички од средните училишта);
  7. Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост);
  8. Најдобар/а млад/а уметник/чка.

Јавниот повик ги опфаќа сите лица што заклучно со 2019 година навршуваат 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта.

Право на учество имаат сите граѓан(к)и на Република Северна Македонија што ги исполнуваат наведените услови во објавениот повик. Потребните материјали заедно со биографија и со уверение за државјанство на Република Северна Македонија е потребно да се достават во еден печатен и еден електронски примерок (УСБ или wetransfer линк) до Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија или на uspesnimladi@president.mk, најдоцна до 18.09.2020 година.

За подетални информации, обратете се на следната мејл адреса: s.bukla@president.mk, и на телефонскиот број 070 409 181.

Се надеваме на интерес за конкурирање за сите категории наведени во објавениот повик.

Линк од повикот: https://pretsedatel.mk/uspesnimladi2019/?fbclid=IwAR3HojDiWJr4Nbb6gkRbwxScZEkfPcyjl-KuyrJs2Hoir2Utl4SXdBRclck

Информација од Педагошкиот факултет од Битола

Со оглед на долгогодишната и успешна соработка, ве известуваме дека Педагошкиот факултет од Битола, повторно организира Педагошко-психолошка и методска подготовка (Педагошка доквалификација). Пријавување на кандидати 03.09. до 30.09.2020.

 

Во тек е и конкурс за втор циклус студии чии рокови за пријавување се: прв уписен рок од 01.10.2020 до 23.10. 2020 година, втор уписен рок од 02.11. до 30.11. 2020 година, како и конкурс за трет циклус студии: прв уписен рок 21.09.2020 до 30.09.2020 и втор уписен рок од 23.10. до 29.10.2020.

 

Повеќе информации можете да пронајдете на веб-страница: www.pfbt.uklo.edu.mk Педагошки факултет – Битола

Известување до родителите

СОУ „Св.Кирил и Методиј“ – Неготино Ве информира дека заради новонастанатата состојба со корона вирусот, почетокот на новата учебна година ќе започне  според протоколите од страна на МОН и Центарот за јавно здравје.

 

Од страна на училиштето треба да бидат преземени низа мерки за заштите на децата и вработените, а една од нив е и изјаснувањето на родителите, кој вид на настава го избираат:

а)комбинирана настава
б)со физичко присуство
в)online

 

Токму поради тоа, ги замолуваме родителите, чии деца се запишани во прва година, од било која струка во СОУ „Св.Кирил и Методиј“ – Неготино, да испратат податоци на e-mail  адресите на  класните  раководители, најдоцна до 28.08.2020 год.

 

ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ 

  • ПМА: Мирјана Христова   mirjanahristova@ymail.com
  •  ПМБ: Елизабета Костадинова  elizabetakostadinova100@yahoo.com
  • ОХА: Сузана Стоева  suzana.stoeva2@yahoo.com 
  • ОХБ: Киро Јованов  kiro.jovanov@yahoo.com
  • Билингвална паралелка:  Драган Трпковски  francbeti@hotmail.com

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА 

  • насока: ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА И АВТОМАТИКА (да се испрати на еден од следните наставници)
    -Снежана Трајкова   trajkova_snezana@yahoo.com
    -Тодор Пашлаков  todistgut85@gmail.com
  • насока: ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЕНЕРГЕТИЧАР
    Ристе Јанков  jankov_riste@yahoo.com

Струка: ХЕМИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА

  •  насока: Хемиски лабораториски техничар
    Елена Илиевска Честојнов  elena_mk@ymail.com
  • насока:  Прехранбен  техничар
    Билјана Ташкова  btaskova@yahoo.com 

Разубавување и расчистување на училишниот двор

На ден 13.08.2020 година, но и во текот на распустот, во нашето училиште се одржа акција под мотото “Разубавување и расчистување на училишниот двор”.

Огромна благодарност до сите што учествуваа во акцијата, но посебна благодарност до учениците членови на ЕКО во нашето училиште.