

Веб страна на училиштето
Промоција на првата збирка поезија на нашата ученичка Деа Балкански На 29.05.2021 год. се случи промоција на првата збирка поезија на нашата матурантка Деа Балкански. Промотор и рецензент на настанот беше професорката Маја Којчева – Величкова, а на присутните им се обрати и професорката Александра Илиева.
Ѝ посакуваме на Деа уште многу книжевни и животни достигнувања.
Едно поинакво обележување на патрониот празник – видео честитка изработена од нашите ученици, под менторство на професорката Маја Тефова.
Уште еднаш, нека ни е честит патрониот празник!
На државните натпревари по француски јазик, учениците од билингвалните паралелки постигнаа оваа година одлични резултати:
– Загорка ПАНОВА, I5, I место на државниот натпревар по француски јазик за прва година за видео и PowerPoint презентација на тема “ Моето секојдневие со Ковид 19”
– Аделина Леа МАРАНГУ, III5, III место на државниот натпревар по француски јазик за трета година “Олимпијади 2021”, во категоријата Билингвални паралелки, како и за
– Даме ДИМОВ, ученик во I1, финалист на натпреварот за француска шансона каде очекуваме место во првите тројца (30 мај 2021)
Ментор: Драган ТРПКОВСКИ
Поставувањето на темелите на писменоста на словенските народи е само дел од придобивките со кои нè задолжија сесловенските браќа Кирил и Методиј. Нивната благородна мисија денес обединува многу народи, кои преку писменоста како едно од основните обележја, вложуваат во промоцијата на сопствената историја, култура и традиција. Горди сме што нашето училиште го носи токму името на овие две најзначајни личности кои се дел од нашата колективна меморија.
Нека ни е честит патрониот празник и денот на сите просветни работници!
На наше задоволство, денес беше во посета амбасадорот на Франција, господинот Cyrille Baumgartner со кој отворивме дискусија за подобрување на условите и мотивирање на учениците да го изучуваат францускиот јазик.
Од наша страна беше претставено нашето средно општинско училиште и билингвалните паралелки кои за прв пат се отворени токму во нашиот град. Со задоволство разговаравме за проектот за соработка со училиштата во Франција кој постои повеќе години.
Се надеваме на идна успешна соработка која ќе ни овозможи да го промовираме францускиот јазик на уште повисоко ниво.
Честитки за учениците кои земаа учество и постигнаа значителни резултати на регионалниот натпревар по Биологија кој оваа година се одржа по електронски пат на ден 10.05.2021 година.
Ученици од I година:
II награда – Јорданова Елена I5
Пофалница: Мила Толова I5
Пофалница: Панова Загорка I5
Ученици од III година:
III награда – Милена Камчева III5
Пофалница: Верица Димитрова III5
Уште еднаш, искрени честитки за нашите ученици и нивната менторка Зорица Стојановска и им посакуваме успех на државниот натпревар на ученичките кои се пласираа.
Во прва година во нашето училиште ќе се запишат 297 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:
Условите за запишување на учениците во прва година се:
– да имаат завршено основно образование;
– да не се постари од 17 години;
– да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:
а) гимназиско образование;
б) стручно образование и обука;
г) средно образование за ученици со посебни образовни потреби;
– да ги исполнуваат критериумите утврдени со Конкурсот на учлиштето.
Критериуми за избор на учениците се:
− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
− дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
− средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.
При пријавувањето, учениците ги поднесат следните документи:
– пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје;
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.
Првото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 14 јуни 2021 година во период од 12:00 часот до 19:00 часот,на 15 и 16 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и на 17 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.
Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 17 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.
Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 21 јуни 2021 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 21 јуни 2021 година.
Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 23 и 24 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и на 25 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.
Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.
Квалификационото тестирање за второто пријавување ќе се организира во училиштата за средно образование на 26 јуни 2021 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 26 јуни 2021 година.
Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.
Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2021 година.
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 23 август 2021 година за што доставуваат доказна документација.
Во чест на овој голем ден, 5-ти Мај – ден на македонскиот јазик, по иницијатива на младинската организација и со голема помош од страна на активот по македонски јазик, особено професорката Маја Тефова, одржавме кратка online дискусија на платформата Zoom.
Дискусијата се водеше на темата „Јазикот наш насушен“ и неколку ученици ги споделија своите мислења на истата.
Изразуваме благодарност до сите учесници во дискусијата и сите професори и ученици кои внимателно ја следеа истата, се надеваме дека уживавте. Оние кои не можеа да присуствуваат, може да ја проследат во видеото кое ќе биде прикачено во прилог. Уживајте во нашиот труд, повелете: