Учество на Еко камп во Охрид

Група ученици од нашето училиште под менторство на проф.Ѓорѓи Ристов изминатиов викенд учествуваше на еко камп во Хотел „Белви“ во Охрид заедно со Здружението на граѓани „Ековита. Исто така нашето училиште имаше уште една група учесници под менторство на проф. Александар Гичовски со Спотрскиот Клуб „Клисура“ од Демир Капија.

Учениците проследија предавања на неколку различни теми – родова еднаквост и поврзаноста со климатските промени, како од идеја да стигнат до видео приказна и како да ја искористат моќта на социјалните мрежи за застапување на своите иницијативи.

На еко кампот се одржаа и неколку панел дискусии со луѓе активни во еко активизмот.

На крајот се одржа натпревар во креирање на видео, на којшто учениците со проф. Ѓорѓи Ристов го освоија првото место, а пак втората група го освоија второто место.

Еко кампот беше организиран од Институтот за комуникациски студии во рамки на проектот Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина (SHAPE), финансиран од Европскиот инструмент за демократија и човекови права.