МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА со Технички Институт Македонија ДОО

За подобра феријална практика и практична обука кај работодавач, СОУ „Св. Кирил и Методиј” – Неготино денес на 01.03.2021 година потпиша МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА со Технички Институт Македонија ДОО Неготино.

Kонкурс за најдобар есеј, поема и цртеж за Денот на Екологијата

Младинската организација на СОУ “Св. Кирил и Методиј” – Неготино распишува конкурс за најдобар есеј, поема и цртеж за Денот на Екологијата. Како што е наведено, право на учество имаат сите ученици во училиштето, а истите можат да изработат повеќе трудови на дадените теми и да ги испратат најдоцна до 15.03.2021 на е-маил nevenkadisheva9@yahoo.com.

Есеите и поемите треба да бидат пишувани во word документ, а за цртежите потребно е да испратите слика. Наградите за најдобри трудови ќе бидат доделени на 21.03, Денот на Екологијата, во нашето училиште, откако ќе биде одржана еколошка акција од страна на учениците во истото.

Ајде ученици, да зборуваме за неправдата која ѝ ја нанесуваме на природата, но и заедно да најдеме решенија коишто би ја прекинале истата. Немаме втора природа, вреди да се грижиме за оваа која ја имаме.

МИМО активност

МИМО активностите продолжуваат и понатаму. Учениците, членови во МИМО групата: ON LINE истражувања на различни теми поврзани со интересите на учениците, од нашето училиште подготвија Презентација за 21 Февруари- Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. И повторно ја докажаа тимската работа, потврдувајќи ја љубовта кон мајчинот јазик со пораки за сите без разлика на етничката припадност.

 

Литературно читање по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Учениците Тамара Здравева, Петар Манев и Благица Захарчева при СОУ ,,Св. Кирил и Методиј” – Неготино, под менторство на професорката Маја Којчева – Величкова, беа дел од литературното читање по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик кој го организираше Центарот за култура – Неготино. Се претставија со кратка програма составена од лични творби и есеи со наслов ,,Македонскиот јазик е бисерен ѓердан”, а добија подароци, книги и благодарници за нивното учество.

 

Известување за пополнување НОВА пријава за државна матура

Според последните измени за начинот на одржување на Државна матура , матурантите ќе полагаат по следниот концепт : два екстени предмети , два интерни предмети и проектна задача.
Од тие причини матурантите мора да пополнат нови пријави,најдоцна до 03.03.2021.
Пополнувањето и доставувањето на пријавите ќе се одвива во периодот од 24.02 до 02.03.2021, во канцелариите на стручната служба, по следниот редослед:

Клас Ден
IV-1 24.02.2021
IV-2 25.02.2021
IV-3 26.02.2021
IV-4 01.03.2021
IV-5 02.03.2021
IV-6 01.03.2021
IV-7 01.03.2021
IV-8 02.03.2021
IV-9 02.03.2021
IV-10 02.03.2021

 

Распоредот е направен со цел почитување на мерките за заштита од Covid-19.

Известување до матурантите за доставување на проектна задача

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО МАТУРАНТИЕ ВО СОУ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ-НЕГОТИНО

И оваа година реализацијата на одбрана на Проектна Задача ќе се одвива Online преку Microsoft Teams.

Одбраната ќе се реализира во периодот помеѓу 10.03.2021 -21.04.2021.

Матурантите треба задолжително да достават по 1 печатена врезија од Проектната Задача до училиштето, односно до стручна служба заедно со членовите од УМК. И тоа по следниот редослед :

КЛАС ДАТУМ/ ДЕН
IV – 1 03.03.2021
IV – 2 03.03.2021
IV – 3 05.03.2021
IV – 4 03.03.2021
IV – 5 04.03.2021
IV – 6 04.03.2021
IV – 7 04.03.2021
IV – 8 05.03.2021
IV – 9 05.03.2021
IV – 10 05.03.2021

*Време на доставување после настава, по 12:45h

Дополнително, учениците заклучно со 05.03.2021 треба да испратат една електронска верзија на проектната задача на следниот меил: jovanoska.sonja@yahoo.com

Mеилот да биде насловен (Subject): Име Презиме клас
*На пример : Никола Николов IV1

 

Заради почитување на Covid мерките, задолжително е носење на заштитна маска и одржување дистанца!

МИМО во СОУ „Св.Кирил и Методиј“ Неготино – In vino veritas

И оваа година, го прославуваме традиционалното, народното и модерното. Црвената боја на виното да ја споиме со емоцијата, страста.  Да и се поклониме на љубовта. Да го прославиме и денот на виното и денот на љубовта со желби за многу здравје. љубов, бериќет.  За многу години. На здравје!

Учениците од МИМО при СОУ„ Св. Кирил и Методиј“ Неготино

 

Обука за кампањи за чиста и здрава животна средина

 

Од 01 до 09.02.2021, учениците од прва до четврта година,под менторство на проф. Ѓорѓи Ристов, учествуваа на обуките за спроведување кампањи за здрава и чиста животна средина. Тие ги унапредија своите знаења за правните механизми во областа на животната средина и како до успешна кампања од јавен интерес.

По завршувањето на обуките, нашите ученици ќе соработуваат со здружението на граѓани „Ековита“ за едукација на земјоделците како на биолошки начин ќе ја регулираат популацијата на најголемиот штетник во лозјето, гроздовиот молец, без употреба на инсектициди.

Тајната е во примена феромони (женски мирис на гроздовиот молец Lobesia botrana),  ќе изработат феромонски стапици со кои селективно ќе се  привлечат и уништат само машките единки од овој штетник и на тој начин ќе се намали популацијата на гроздовиот молец, а со тоа и индирекните штети што ги предизвикува ларвата врз зрната.

Обуките се реализираат во рамки на проектот „Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина“ што го спроведува Институтот за комуникациски студии во партнерство со Македонското еколошко друштво, а со финансиска поддршка на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).

Благодарение на Комерцијална банка АД Скопје, кај нас подароците стигнаа порано!

Годинава Комерцијална Банка АД Скопје уште еднаш ја покажа својата општествена одговорност одлучувајќи наместо за репрезентативен материјал по повод новогодишните празници да одвои средства за донација на лаптопи на оние на кои им се најпотребни. Комерцијална банка обезбеди лаптопи и торби за 46 ученици од 14 општини низ државата овозможувајќи им со тоа непречено да ја следат наставата он-лајн.

Ѝ благодариме на Комерцијална банка АД Скопје што им донираше лаптоп компјутери на тројца наши ученици како поддршка на нивното учење од далечина, а заради нивниот постигнат успех и остварени резултати. Од наша страна беа избрани најсоодветните ученици, а Комерцијална банка АД Скопје одлучи да ги мотивира на најубав начин, со најкорисен предновогодишен подарок.