Едукативна работилница на ОВР Кавадарци со ученици од трета и четврта година

 

Отсекот за превенција при СВР Велес во содејство со ОВР Кавадарци реализираше едукативна работилница на која теми на дискусија беа насилство, сајбер насилство, булинг и трговија со луѓе.

Основна цел на едукативната работилница беше подобрување на општата и личната безбедност на учениците во образовната установа, како и намалување на сите облици и типови на насилство помеѓу учениците.
Покрај тоа ваквата едукативна активност во интеракција со учениците од различни одделенија имаше за цел превенирање на врсничкото насилство и насочување на енергијата на учениците во позитивен правец односно забележување на ризиците и нивно избегнување, како и запознавање со законската регулатива од оваа област.

Посебен акцент беше ставен на појавата на насилно однесување на учениците во самите училишта и во училишните дворови и дека овој вид на насилство е една од највидливите форми на манифестирање на агресивност преку физичките напади, тепачки, сајбер насилство, навреди и омаловажување меѓу врсниците , соучениците, меѓу помалите и постарите ученици како и лица дојдени од надвор во училиштата. Притоа беа презентирани низа можности како да се превенира и спречи таа појава.

Во рамки на едукативното предавања на средношколците им беа презентирани низа начини не само за рана детекција од опасностите од трговија со луѓе туку и околу можностите како да се заштитат пред се себеси и своите врсници од трговија со луѓе.

 

 

 

Обука на тема: „Циклус на учење“

Обука на тема: „Циклус на учење“
Обучувач: Михаел Залцер

Како дел од проектот финансиран од германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) преку sequa, Образовниот центар на баварското стопанство (bbw gGmbH) дел од нашите колеги од електротехничката струка учествуваа на семинар на тема: „Циклус на учење“. Нашето училиште беше домаќин на оваа четврта обука од циклусот на обуки во рамките на проектот.

 

 

Во рамките на проектот за промовирање на Европската Унија и нејзините вредности којшто беше наменет за учениците од билингвалните паралелки, на ден 20.10.2022 им беа доделени сертификатите на учениците коишто ги следеа предавањата во текот на претходните две учебни години, почнувајќи од учебната 2020/21.
Дидактичките материјали за ЕУ беа подготвени од г-ѓа Ана Крстиновска, од Естима-Скопје со поддршка од Франускиот институт во Скопје, од Француската амбасада како и од директорите на средните училишта кадешто има билингвална франкофонска настава. Предавањата беа реализирани од страна на професорите по француски јазик.

Прв регионален форум, Генерација LabelFrancÉducation, 15 земји, 2 средни училишта од Македонија со овој бренд по француски јазик, од кое едното е нашето училиште

Елена Јорданова, ученичка од нашето училиште СОУ “Св.Кирил и Методиј” во Неготино и Филип Ѓуровиќ, ученик во гимназијата Орце Николов во Скопје, придружувани од г-дин Драган Трпковски, професор по француски јазик во гимназијата Св.Кирил и Методиј во Неготино, имаа многу убава прилика да учествуваат на Првиот регионален форум Генерација ЛабелФрансЕдукасион, кој што се одржа во Варна, Бугарија, на 6 и 7 октомври 2022, наменет за ученици и професори од гимназии кои го имаат добиено брендот за квалитет на билингвалната франкофонска настава, ЛабелФрансЕдукасион. Убав и интензивен момент на средби, дружења со млади од 13 земји од Централна и Источна Европа, во еден пријатен амбиент и околу многу богата и интересна програма.

Варна, 6-7.10.2022

Секоја година светот се соочува со нови предизвици во областа на производството на храна, гладување во многу земји и болести од недоволна и преобилна храна. Организацијата за храна и земјоделие (FAO) е основана во 1945 година. Учениците од нашето училиште се вклучија во обележувањето на 16-ти Октомври Светскиот ден на храната на тема Влијание на функционалната храна врз здравјето на луѓето и формирање правилни ставови на поединците за правилни навики во исхраната.

 

 

 

 

Денес нашето училиште беше дел од настанот кој се одржа на градскиот плоштад под име Саем за регионален развој на Вардарски регион за подршка на социјални претпријатија.
Нашите ученици од образовниот профил прехранбен техничар под менторство на своите професори учествуваа со проектот “Слатки и солени мали здрави задоволства- мафини”.

 

 

 

 

 

 

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА
Почитувани ученици и родители,
Ве известуваме дека на ден 1 септември 2022 година (четврток), со почетокот на новата учебна година,  СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино ќе започне со едносменско работење.
Сите ученици од I,II,III и IV година започнуваат со настава во 07:00 часот.
На сите ученици им посакуваме многу успеси. Нека ни е среќен почетокот на новата учебна година.
ВД Директор,
Ангелина Илиева

Денес во просториите на училиштето директорката Ангелина Илиева оддржа работна средба на која се дискутираше за прашања поврзани со програмата и предвидениот тек на првата од предвидените три обуки на тема: „Обука за испитувачи за наставници и тренери“ како дел од проектот финансиран од германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) преку sequa, Образовниот центар на баварското стопанство (bbw gGmbH).

Од страна на организаторите беа дефинирани целите на обуката, односно како да се дизајнира завршниот испит во согласност со германските стандарди, со содржини како што се испити фокусирани на активност, барања за квалитет на испитите и методи и инструменти за испитување.

Во текот на наредната недела обуката ќе биде реализирана во периодот од 24-25.08.2022 година и во истата ќе учествуваат тројца професори од нашето училиште.