Билингвална паралелка – Кутанс

По покана на г-от Савари, професор по историја во гимназијата Шарл Лебрен од Кутанс (Франција) и воедно претседател на асоцијацијата “Патеки на Спомени“(Sentiers de la mémoire), нашата гимназија беше претставена од професорот Драган Трпковски и 5 ученици од билингвалните паралелки. Тие претстојуваа од 3 до 13 март 2017 во градот Кутанс во областа Нормандија (Франција) на 6-та меѓународна конференција на тема: „Холокаустот на Ромите за време на Втората светска војна“.

Нашите ученици учествуваа на разни конференции, филмски проекции, дебати и сведоштва на преживеани луѓе од разни војни.

Покрај нашите ученици, на оваа конференција зедоа учество исто така гимназијалци од Германија, Србија, Хрватска, Р. Чешка и од градот Кутанс.

Со оглед на тоа дека во нашето училиште имаме билингвални паралелки, директорот на гимназијата во Кутанс ни предложи дека можеме да одбереме еден или двајца ученици од нашата гимназија да престојува еден до два месеци во нивното училиште поради усовршување на францускиот јазик, секако на товар на француската гимназија.

Се надеваме дека оваа посета ќе прерасне во подолготрајна врска и дека следен чекор би бил збратимување со гимназијата во Кутанс.