Предавање на Седрик ВИЛАНИ

На ден 08.04.2017, во гимназијата „Св.Кирил и Методиј“ во Неготино се одржа предавање на Седрик ВИЛАНИ, светски славен француски математичар, професор на Универзитетот Лион 1,   директор на Институтот Анри Поенкаре,  член на Француската академија на науките и уметностите

и добитник на престижната награда Филдс 2010, најпрестижната награда во математиката, често сметана како еквивалент на Нобеловата награда, бидејќи таа не постои за оваа дисциплина.
Неговите главни теми на истражување се кинетичката теорија и примената на оптимален транспорт, за што напишал две референтни книги: „Тематики во оптималниот транспорт“ (2003) и „Оптимален транспорт, во минатото и денес“ (2008). Автор е, исто така, и на следните дела: „Жива теорема“ (2013) и „Куќата на математиката“ (2014).

 

Учениците и професорите имаа ретка можност да го слушнат предавањето на еден од врвните математички амбасадори и поп-промотор на математиката.

Неговото предавање беше динамично, емотивно, импресивно, а воедно интересно за учениците.

Г-нот Вилани ни направи голема чест гостувајќи во нашето училиште бидејќи единстеното предавање го имаше претходниот ден во МАНУ.