Честитки до ученичките за освоената втора награда на државниот натпревар по Биологија

Честитки за ученичките Верица Димитрова и Милена Камчева од билингвалната паралелка II5 (III5 во новата учебна година), за освоената втора награда на државниот натпревар по Биологија, под менторство на професорката Зорица Стојановска, кој оваа година се одржа по електронски пат (онлајн) на ден 25.09.2020 година.

Уште еднаш, искрени честитки за нашите ученички и им посакуваме понатамошен успех во нивното образование .

Почеток на учебната година

Почитувани ученици и родители,

Учебната година започнува утре на 01.10.2020 година, онлајн според насоките и упатствата објавени на schools.mk за пристап на учениците. Утре на 01 Октомври наставата ќе се започне со одделенски час за сите ученици.

Им посакуваме успешен почеток на сите ученици и наставници.

Известување за ново тестирање за онлајн наставата

Ве информираме дека наредното тестирање за онлајн наставата е закажано за утре(среда), во 11часот.


Тестирањето на функционалноста за онлајн часови се пренасочува од Платформата, директно кон порталот на Microsoft.

Пристапувањето е директно на порталот на Microsoft (portal.microsoftonline.com).


Детално упатство за чекорите за пристап, најава и креирање на онлајн час на Microsoft Teams на македонски и на албански јазик. може да ја сименете од https://schools.mk/

Промоција на книга

На 23 септември 2020 година на Спомен-костурницата во Неготино се одржа промоција на новата збирка поезија од нашата колешка, Маја Којчева – Величкова, професорка по македонски јазик и литература. Маја долги години пишува, а нејзината прва промоција на книга се случи токму во нашата гимназија пред точно 18 години.

На промоцијата присуствуваше и професорката Љубица Златановска која оваа година отиде во пензија по 26-годишната плодна работа во нашата гимназија. Ние и сите генерации млади луѓе кои имале чест да бидат нејзини ученици ѝ благодариме за сиот вложен труд и љубовта кон мајчиниот јазик која таа им ја всади, а на колешката Маја ѝ посакуваме да продолжи по истиот пат и да биде исто толку успешна и сакана од учениците.

 

 

Известување

Почитувани ученици и родители,

Во вторник, во 10 часот ќе се организира задолжително тестирање (задолжителен пробен час) за сите училишта и сите ученици кои треба да посетуваат онлајн настава. Ова е исклучително важен чекор за тестирање на функционалноста на платформата.

Затоа е потребно Вие, наши ученици во договор со класните раководители во текот на утрешниот ден, понеделник,  да ги подигнете вашите податоци за најава на националната платформа за учење на далечина. Притоа, неопходно е од утре задолжително да ги проверувате своите е – маил адреси и да ги следете упатствата кои ќе ги добиете.

 

Упатство за ученици и за родители за најава и користење на националната платформа за учење на далечина

Честитки на ученичките за освоена прва награда на регионалниот натпревар по Биологија

Честитки за ученичките Милена Камчева и Верица Димитрова од билингвалната паралелка II5, за освоената прва награда на регионалниот натпревар по Биологија кој оваа година се одржа по електронски пат на ден 24.08.2020 година.
Уште еднаш, искрени честитки за нашите ученички и им посакуваме успех на Државниот натпревар .

Учество на конкурсот за средношколски есеи распишан од страна на Меѓународниот Славјански Универзитет “Г. Р. Державин”.

Покрај онлајн наставата, нашите ученици неуморно продолжија со своите активности. Неколку ученици од нашето училиште зедоа учество на конкурсот за средношколски есеи распишан од страна на Меѓународниот Славјански Универзитет “Г. Р. Державин”. Тие се здобија со уште едно позитивно искуство.

Ученичките Невенка Дишева, Емилија Сотировска и Камелија Митрова добија сертификати под менторство на професорката Снежана Ристова, ученичките Антонела Ставровска, Зорица Нацева, Јована Мечева и Радица Златева под менторство на професорката Маја Тефова и Елена Ефтимова и Милена Камчева под менторство на професорката Љубица Златановска.

Нивните есеи се дел од книгата “Средношколски размислувања 4” издадена од универзитетот. Со своите есеи имаа можност да ги искажат своите мисли за сите сфери од животот и да ги надоградат своите знаења.