Демант на објавените информации во медиумите

Почитувани,
Поттикнати од некои неодговорни објави пред се на социјалните мрежи, ве информираме дека во однос на објавената вест во еден од медиумите  во однос на момчето на возраст од 16 години од Неготино кое е позитивно на корона вирус, според информациите од Центар за јавно здравје Кавадарци потврдено е дека истото е ученик во нашето училиште СОУ„Св.Кирил и Методиј“ – Неготино. Меѓутоа, пред објавување на информацијата во медиумот не се контактирани лицата кои се наведени во веста со цел утврдување на фактите и податоците и затоа чувствуваме етичка и морална одговорност да ве информираме дека по направените анализи и воспоставени контакти со класниот раководител и вработените во однос со активностите поврзани со дистрибуирање на податоците за корисничко име за најава на онлајн платформата е утврдено дека ученикот ги добил потребните информации за најава и користење на националната платформата за учење на далечина по електронски пат од страна на класниот раководител и истиот не бил присутен во просториите на училишниот објект.

Нашето училиште и сите вработени му посакувааат на ученикот побрзо оздравување!