Промоција на книга

На 23 септември 2020 година на Спомен-костурницата во Неготино се одржа промоција на новата збирка поезија од нашата колешка, Маја Којчева – Величкова, професорка по македонски јазик и литература. Маја долги години пишува, а нејзината прва промоција на книга се случи токму во нашата гимназија пред точно 18 години.

На промоцијата присуствуваше и професорката Љубица Златановска која оваа година отиде во пензија по 26-годишната плодна работа во нашата гимназија. Ние и сите генерации млади луѓе кои имале чест да бидат нејзини ученици ѝ благодариме за сиот вложен труд и љубовта кон мајчиниот јазик која таа им ја всади, а на колешката Маја ѝ посакуваме да продолжи по истиот пат и да биде исто толку успешна и сакана од учениците.