ПРОТОКОЛ за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година

Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите ученици на доследно почитување на превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:
  •   Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама, шал), во спротивно нема да ви биде дозволен влез во училиштето и пенкало за пишување.
  •   Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето.
  •   Почитувајте ги препораките  и влегувајте во училиштето еден по еден, т.е.  односно откако ученикот пред Вас ќе излезе од училиштето.
  • користете ги средствата за дезинфекција на влезот во училиштето, како и пред просториите каде се врши запишување на учениците, со цел учениците да се дезинфицираат при влез во училиштето и излез од училиштето.

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања.

Запишувањето на ученици во средните училишта ќе се одвива во период од 07:00  до 19:00 часот.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни 2020 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2020 година.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 29 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година.

Известување од УМК

Известување од УМК

Во СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино, ќе се реализира полагање завршен испит и училишна матура за кандидат/и кои во претходните учебни години започнале со полагање на испити од училишна матура и завршен испит, но не ги положиле и се пријавиле за повторно полагање во учебната 2019/2020 г.

Не важи за редовните ученици од учебната 2019-2020г.

Датуми на полагање:

Задолжителен дел – Македонски јазик и литература – 01.07.2020 г.

Прехранбена технологија – 03.07.2020 г.

Почетокот на испитите е во 10:00 часот во СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино.

Project enpol-ee-Del. 4.3.2- Cross border competitions (Проект ,,ENPOL EE”-повик за натпревари)

Почитувани,

Ве известуваме дека во рамките на проектот ,,ENPOL EE” објавен е повик од страна на DIKEPAP, општина Pella-Грција за натпревари кои се отворени за ученици од општините Пела и Неготино.

Натпреварите по уметност се наменети за ученици на возраст од 13,14 и 15 години, додека натпреварите за фотографија се наменети за ученици на возраст од 16,17 и 18 години.


 

Детални информации за објавениот повик се достапни на веб страната:

https://enpolee.eu/2020/05/21/del-4-3-2-competitions-for-schools-students-in-pella-and-negotino/  како и во документите во прилог:
enpol-ee-_-Open-Invitation-to-an-Artistic-Competition(2) 
 enpol-ee-_-Open-Invitation-to-a-Photography-Competition

Краен рок на објавениот повик е 12 Јуни.

 

Announce the call for the school competitions. The call will be open to students from Pella and NegotIino.

-artistic competition: ages 13-14-15 (Junior High School)

-photography competition: ages 16-17-18 (High School).

The deadline is at 12th of June.

The award ceremony will be in September.

The submission can be sent to DIKEPAP via e-mail after the school collects them. We mention that the Municipality of Negotino will send them to DIKEPAP via web (wetranfer for example).

 

MA-Ms.Lidija Neceva  Associate in Development Department 
tel:0038943361045 lok.123 fax:0038943361933
mob.072/320-840 

E-mail: lidijakostadinova@yahoo.com
E-mail: necevalidija@yahoo.com
E-maillidija.kostadinova@negotino.gov.mk

Одбележан Патрониот празник на СОУ„Св.Кирил и Методиј“ – Неготино

E-Програма по повод патрониот празник на нашето училиште

Вторник, 26 Мај, нашето училиште СОУ„Св.Кирил и Методиј“- Неготино со пригодна програма во електронска форма, подготвена од учениците и нивните ментори, го обележа својот Патронен празник, денот кога ги славиме светите браќа Кирил и Методиј.

За прв пат од кога постои средното образование во нашиот град, патрониот празник го прославуваме во електронска верзија, без ученици, гости и вработени поради светската пандемија на корона вирусот која го затвори нашето училиште како и скоро сите други во светот.

Се до почетокот на  месец март, наставата се одвиваше непрекинато, а  образовниот процес во целост ја исполни мисијата и визијата на нашето училиште која секогаш е во согласност со возвишената мисија на светите браќа Кирил и Методиј, дека писменоста и знаењето се ѕвезда водилка за просветлување на народите.

Во периодот додека училишните врати беа отворени нашите ученици беа активни на многу полиња т.е. на разни проекти, школски и спортски натпревари на кои постигнаа значителни успеси, а дел од истите беа одложени поради пандемијата.  Притоа, како училиште имаме одлична соработка со локалната самоуправа и во целост се заврши  проектот за енергетска ефикасност и меѓугранична соработка и благодарение на истиот ги променивме прозорите во училштето.

И оваа година, како и секоја, се избираше ученик на генерацијата, односно ученик кој се истакнува со своето знаење, успеси и награди.  Ученик на генерација 2016-2020год. е ученикот Андов Пане IV5. 

Учебната година ќе заврши во затворено училиште, учениците ќе го продолжат патот кон постигнување на својот успех, но најважно е нивното здравје.

Ние сме тука, драги наши ученици, од есен заедно не очекуваат нови предизвици со полни училници и нови терени за докажување.

Уште еднаш, во името на сите вработени во СОУ„Св. Кирил и Методиј“- Неготино, на нашите ученици им го честитаме Патрониот празник, со верба дека наредниот ќе го прославиме сите заедно во училишто.






Резултати од литературниот конкурс „Бисерот од школката на Кирил и Методиј“

Презентирање на наградените текстови, за сите љубители на пишаниот збор

Драги ученици од СОУ „Св.Кирил и Методиј“

 

Голема благодарност за вашето учество на литературниот конкурс „Бисерот од школката на Кирил и Методиј“ објавен по повод Патрониот празник 24 Мај – Денот на сесловенските просветители. Големо браво за сите ученици кои се пријавија, за нивниот ангажман и младешки потенцијал. Нека творењето на поезија и проза и пишување на убавиот збор биде ваш мотив за поголеми достигнувања.

Комисијата во состав од тројца наставници Александар Гичовски, Наташа Јанева и Олгица Димитрова го направи следното рангирање :

I место:   Јована Анѓелковска III5                                         
(ментор–Снежана Ристова)
II место:  Аделина Леа Марангу II5                                         
(ментор–Љубица Златановска)
III место: Елена Тимова III5                                                      
(ментор–Снежана Ристова)

 

Нека е среќен и за многу години Патрониот празник на нашето училиште од Активот по македонски јазик и литература!

Известување од УМК

Датуми за полагање на државна матура во јунска испитна сесија 2020г.

ВАЖНО: Само за учениците кои во претходните учебни години започнале со полагање на испити од државна матура, но не ги положиле и се пријавиле за повторно полагање во учебната 2019/2020 г.

Не важи за редовните ученици од учебната 2019-2020!

30.06.2020 г. – македонски јазик и литература

01.07.2020 г. – англиски јазик, француски јазик и руски јазик

02.07.2020 г. – хемија, физика, биологија, историја, филозофија, социологија и бизнис

03.07.2020 г. – математика

Почетокот на испитите е во 10:00 часот.

Честитка до матурантите од СОУ„Св.Кирил и Методиј„- Неготино


Драги матуранти !
Ни претставува огромна чест и задоволство да ви го честитаме матурирањето и влегувањето во светот на возрасните.

Сега, кога влегувате во светот на возрасните, насочете го вашиот младешки потенцијал кон позитивните вредности. Пред се во личното обликување во корисен член на општеството кое заеднички го градиме.

Се наоѓате пред голема животна пресвртница и сериозна обврска, да го одберете своето идно занимање.
Вам, кои својата иднина ќе ја побарате на пазарот на трудот, ви посакувамe што поскоро да се вработите и со својот труд, за себе и за вашите семејства, но и за својата општина и држава, да обезбедите сеопшт напредок.
Вам, кои планирате да го продолжите образованието на факултетите, ви посакувамe многу успех во стекнувањето на нови знаења и вештини.

Уште еднаш, на сите матуранти од СОУ „Св. Кирил и Методиј“ Ви го честитаме матурирањето, Ви посакуваме многу здравје и среќа во животот, како и успех на личен и професионален план.

Инвестирај во твојата иднина, биди ученик во СОУ„Св.Кирил и Методиј“- Неготино

Видео презентација СОУ „Св.Кирил и Методиј„ – Неготино

 

КОНКУРСНИ РОКОВИ

Учебна 2020/2021

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни 2020 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2020 година.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 29 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година.

 

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

  • да имаат завршено основно образование
  • да не се постари од 17 години
  • да се определиле за план и програма од наведените во Конкурсот  (гимназиско образование, стручно образование и обука)
  • да ги исполнуваат критериумите утврдени со Конкурсот

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

–     пријава  за  запишување  (пријавата  за  запишување  ученикот  ја  подигнува  од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна; исто така истата може да ја симнете на следниот линк: пријава за уписи);

–    оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

–     дипломи, (доколку имаат) од освоени (I,   II   и III)   места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

–    извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

Инвестирај во својата иднина, биди ученик во СОУ„Св.Кирил и Методиј“-Неготино

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

–     пријава  за  запишување  (пријавата  за  запишување  ученикот  ја  подигнува  од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна; исто така истата може да ја симнете на следниот линк: пријава за уписи);

–    оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

–     дипломи, (доколку имаат) од освоени (I,   II   и III)   места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

–    извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).