Минатата недела во Велес, наши ученици од профилот Хемиски лабораториски техничар од I, II, III и IV год. земаа учество во дводневната работилница “Био-технологија во мојот свет – Програма за искуствено учење” во рамките на програмата “Bio-hack my world” спроведена во соработка со UNICEF, UNDP и ЦСОО. Обуката беше реализирана од универзитетски професори од Технолошко-металуршки факултет, Земјоделско-шумарски факултет и Економски факултет, а како ментори на работилницата и на учениците беа проф. Елена Илиевска Честојнов и проф. Думеника Јанева кои претходно учествуваа на ваква работилница. На обуката учениците имаа можност да изведуваат интересни експерименти каде преку употреба на био отпад се добива производ кој може да најде примена во нашето секојдневие, а воедно со тоа и да се зачува животната средина.