Обука за кампањи за чиста и здрава животна средина

 

Од 01 до 09.02.2021, учениците од прва до четврта година,под менторство на проф. Ѓорѓи Ристов, учествуваа на обуките за спроведување кампањи за здрава и чиста животна средина. Тие ги унапредија своите знаења за правните механизми во областа на животната средина и како до успешна кампања од јавен интерес.

По завршувањето на обуките, нашите ученици ќе соработуваат со здружението на граѓани „Ековита“ за едукација на земјоделците како на биолошки начин ќе ја регулираат популацијата на најголемиот штетник во лозјето, гроздовиот молец, без употреба на инсектициди.

Тајната е во примена феромони (женски мирис на гроздовиот молец Lobesia botrana),  ќе изработат феромонски стапици со кои селективно ќе се  привлечат и уништат само машките единки од овој штетник и на тој начин ќе се намали популацијата на гроздовиот молец, а со тоа и индирекните штети што ги предизвикува ларвата врз зрната.

Обуките се реализираат во рамки на проектот „Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина“ што го спроведува Институтот за комуникациски студии во партнерство со Македонското еколошко друштво, а со финансиска поддршка на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).