Благодарение на Комерцијална банка АД Скопје, кај нас подароците стигнаа порано!

Годинава Комерцијална Банка АД Скопје уште еднаш ја покажа својата општествена одговорност одлучувајќи наместо за репрезентативен материјал по повод новогодишните празници да одвои средства за донација на лаптопи на оние на кои им се најпотребни. Комерцијална банка обезбеди лаптопи и торби за 46 ученици од 14 општини низ државата овозможувајќи им со тоа непречено да ја следат наставата он-лајн.

Ѝ благодариме на Комерцијална банка АД Скопје што им донираше лаптоп компјутери на тројца наши ученици како поддршка на нивното учење од далечина, а заради нивниот постигнат успех и остварени резултати. Од наша страна беа избрани најсоодветните ученици, а Комерцијална банка АД Скопје одлучи да ги мотивира на најубав начин, со најкорисен предновогодишен подарок.