Тренинг за медиумска писменост

Нашите ученички, Јована Анѓелковска и Елена Тимова, беа дел од тренингот за тренери на тема Медиумска писменост во рамките на „Хаштаг медиумска писменост“, којшто беше спроведен од Прогрес Плус. Истиот се одржа во Хотел „Бисер“, Струга од 4 до 6 септември.

Ученичките заедно со свои врсници од Кавадарци се стекнаа со вештини за едуцирање на тема медиумска писменост. Почитувајќи ги сите мерки за заштита за време на пандемија ги проследија сите интерактивни предавања.

Јована и Елена беа задоволни од овој тренинг и ќе се обидат стекнатото знаење да го пренесат на своите соученици кога ќе започне новата учебна година.