Јавен повик за доделување на признанието Успешни млади, претседател на Р. Северна Македонија

Би сакале да Ве информираме дека претседателот Стево Пендаровски објави повик за признанието „Успешни Млади“.

Признанието го доделува претседателот на Република Северна Македонија како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во Република Северна Македонија.

Признанието се доделува за резултати постигнати во текот на 2019 година, во осум (8) категории:

  1. Најдобар/а млад/а научник/чка во општествените науки;
  2. Најдобар/а млад/а научник/чка во хуманистичките науки;
  3. Најдобар/а млад/а научник/чка во природно-математичките и техничките науки;
  4. Најдобар/а млад/а  научник/чка во медицинските науки;
  5. Најдобар/а млад/а иноватор/ка;
  6. Млад талент (за ученици и ученички од средните училишта);
  7. Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост);
  8. Најдобар/а млад/а уметник/чка.

Јавниот повик ги опфаќа сите лица што заклучно со 2019 година навршуваат 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта.

Право на учество имаат сите граѓан(к)и на Република Северна Македонија што ги исполнуваат наведените услови во објавениот повик. Потребните материјали заедно со биографија и со уверение за државјанство на Република Северна Македонија е потребно да се достават во еден печатен и еден електронски примерок (УСБ или wetransfer линк) до Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија или на uspesnimladi@president.mk, најдоцна до 18.09.2020 година.

За подетални информации, обратете се на следната мејл адреса: s.bukla@president.mk, и на телефонскиот број 070 409 181.

Се надеваме на интерес за конкурирање за сите категории наведени во објавениот повик.

Линк од повикот: https://pretsedatel.mk/uspesnimladi2019/?fbclid=IwAR3HojDiWJr4Nbb6gkRbwxScZEkfPcyjl-KuyrJs2Hoir2Utl4SXdBRclck