Резултати од литературниот конкурс „Бисерот од школката на Кирил и Методиј“

Презентирање на наградените текстови, за сите љубители на пишаниот збор

Драги ученици од СОУ „Св.Кирил и Методиј“

 

Голема благодарност за вашето учество на литературниот конкурс „Бисерот од школката на Кирил и Методиј“ објавен по повод Патрониот празник 24 Мај – Денот на сесловенските просветители. Големо браво за сите ученици кои се пријавија, за нивниот ангажман и младешки потенцијал. Нека творењето на поезија и проза и пишување на убавиот збор биде ваш мотив за поголеми достигнувања.

Комисијата во состав од тројца наставници Александар Гичовски, Наташа Јанева и Олгица Димитрова го направи следното рангирање :

I место:   Јована Анѓелковска III5                                         
(ментор–Снежана Ристова)
II место:  Аделина Леа Марангу II5                                         
(ментор–Љубица Златановска)
III место: Елена Тимова III5                                                      
(ментор–Снежана Ристова)

 

Нека е среќен и за многу години Патрониот празник на нашето училиште од Активот по македонски јазик и литература!