ФИСКАЛНА ЕДУКАЦИЈА НА МЛАДИТЕ

Едукативно предавање за учениците на тема: „ Даночниот систем на Република Северна Македонија“, во рамките на проектот „Фискална едукација на младите“ во организација на УЈП и МОН, се спроведе онлајн во текот на месец март во нашето училиште од страна на даночниот советник во „Даночно одделение Неготино“ – Никола Зафиров,   и со истото се опфатени сите ученици од четврта година.

Преку проектот „Фискална едукација на младите“, средношколците  имаат можност да добијат појасна слика за тоа што претставува данокот и која е општествената корист од плаќањето на даноците. Проектот се спроведува во рамките на образовниот систем како најповикан и најсоодветен сегмент на општеството за едукација и воспитување на младите.

Средношколците како дел од младата популација, идни студенти и академски граѓани на Македонија, имаа можност да добијат појасна слика и визија за тоа што претставува данокот и која е општествената корист од плаќањето на даноците.

Преку организираните предавањето, учениците имаат можност да се стекнат со основни и стручни знаења за тоа:

• Какви видови даноци постојат

• Зошто УЈП ги собира даноците

• Каква е користа од плаќањето на данокот за сите нас

• На кој начин и каде се плаќа данокот

 

Целта на проектот е:

• Подигнување на даночната култура

• Зголемување на свеста и знаењето на младите

• Подобрување на даночната навика кај граѓаните

• Стекнување на основно знаење на младите за даночниот систем на РСМ.

 

 

Е-книга од конкурсот ,,Еко свет”

По иницијатива на Младинската организација при СОУ,, Св Кирил и Методиј” и професорката по македонски јазик и литература Маја Којчева – Величкова нашите ученици Невенка Дишева, Јована Анѓелковска и Елена Тимова создадоа е-книга во која се собрани творбите кои пристигнаа на конкурсот ,,Еко свет”.

Уживајте во читањето!

ФИНКИ додели стипендија за бесплатно студирање на првите 13 ученици на ранг листата од регионалниот натпревар по информатика

ФИНКИ додели стипендија за бесплатно студирање на првите 13 ученици на ранг листата од регионалниот натпревар по информатика.

Честитки за постигнатиот успех и за наградата од ФИНКИ – стипендија за студирање, на учениците од нашето училиште Бојан Вучков  и Стефан Поцев  и желба за успех во понатамошното школување.

Честитки и до нивниот ментор – професорката Марија Пенкова.

Резултати и прогласување на најдобрите творби пристигнати во рамки на конкурсите „Еко свет“ и „Трка со времето“

На 22.03.2021 година во рамки на обележувањето на Денот на екологијата и Денот на поезијата се случи онлајн настан на кој беа соопштени резултатите за наградените творби напишани од нашите ученици, во рамки на конкурсите на тема „Еко свет“ и „Трка со времето“.

Конкурсите ги распиша Младинската организација при СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино по иницијатива на претседателката Невенка Дишева, а под менторство на професорката Маја Којчева – Величкова. Дел од овој настан беше и директорката, Донка Јованова, која им даде поддршка на младите автори и ги извести учесниците на конкурсот дека нивниот труд е препознаен и дека ќе добијат книги и сертификати како знак на поддршка за нивната креативност и талент.

Од страна на жири комисијата составена од професори во нашето училиште, беше донесена одлука да бидат наградени следниве ученици:

1. место Јована Анѓелковска во категоријата најдобра поема;

1. место Милена Камчева во категоријата најдобар есеј;

2. место Елена Тимова во категоријата најдобар есеј;

3. место Емилија Костова во категоријата најдобар есеј;

1. место Ивона Маркова во категоријата најдобар цртеж;

2. место Ивона Дишева во категоријата најдобар цртеж;

3. место Дениса Шабанова во категоријата најдобар цртеж.

На сите учесници им се заблагодаруваме на интересот и учеството на конкурсот и им посакуваме уште многу напишани творби и успех со сите нивни идни планови!

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

За подобра феријална практика и практична обука кај работодавач, СОУ „Св. Кирил и Методиј” – Неготино вчера на 16.03.2021 година потпиша МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА со Наташа Трејд ДОО, Пивка 2002 ДОО и Шишкови-Д ДОО.

Честитка за 8 Март од учениците – група на МИМО

За најдобрата. За најмилата. За најхрабрата. За мојата мајка, баба, девојка, сестра. За мојата драга професорка. Среќен 8 Март- на сите припаднички од понежниот пол.

Од нас, учениците, членови во МИМО активностите/ групите во СОУ„Св.Кирил и Методиј“- Неготино.

 

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА со Технички Институт Македонија ДОО

За подобра феријална практика и практична обука кај работодавач, СОУ „Св. Кирил и Методиј” – Неготино денес на 01.03.2021 година потпиша МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА со Технички Институт Македонија ДОО Неготино.

Kонкурс за најдобар есеј, поема и цртеж за Денот на Екологијата

Младинската организација на СОУ “Св. Кирил и Методиј” – Неготино распишува конкурс за најдобар есеј, поема и цртеж за Денот на Екологијата. Како што е наведено, право на учество имаат сите ученици во училиштето, а истите можат да изработат повеќе трудови на дадените теми и да ги испратат најдоцна до 15.03.2021 на е-маил nevenkadisheva9@yahoo.com.

Есеите и поемите треба да бидат пишувани во word документ, а за цртежите потребно е да испратите слика. Наградите за најдобри трудови ќе бидат доделени на 21.03, Денот на Екологијата, во нашето училиште, откако ќе биде одржана еколошка акција од страна на учениците во истото.

Ајде ученици, да зборуваме за неправдата која ѝ ја нанесуваме на природата, но и заедно да најдеме решенија коишто би ја прекинале истата. Немаме втора природа, вреди да се грижиме за оваа која ја имаме.

МИМО активност

МИМО активностите продолжуваат и понатаму. Учениците, членови во МИМО групата: ON LINE истражувања на различни теми поврзани со интересите на учениците, од нашето училиште подготвија Презентација за 21 Февруари- Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. И повторно ја докажаа тимската работа, потврдувајќи ја љубовта кон мајчинот јазик со пораки за сите без разлика на етничката припадност.