Агенција за супервизија на осигурување по повод денот на осигурување, 1 Ноември, распиша конкурс за учениците од средно образование со испраќање на литературна творба – расказ/есеј на зададена тема: ,,Важноста на осигурувањето за мене и мојата иднина,,.
Ученичката Матеа Ристова од I-2 под менторство на професорката по македонски јазик и литература Снежана Ристова учествуваше на овој конкурс и нејзината творба беше избрана меѓу трите најдобри творби наградени, и доделена и è парична награда. Честитки до ученичката и да и посакаме уште успеси.