Фотогалерија од вчерашниот настан „Средношколски маскенбал„ кој се одржа во спортската сала на нашето училиште СОУ „Св.Кирил и Методиј„ – Неготино

Во рамките на маскенбалското дефиле своите групни и поединечни маски ги презентираа учениците од осмо и деветто одделение од основните училишта „Страшо Пинџур” и „Гоце Делчев” од Неготино, учениците од ООУ „Димче Ангелов Габерот” од Демир Капија како и учениците од нашето училиште СОУ „Св.Кирил и Методиј”. Беше организирана и забавна програма со музички перформанси како и со хумористични точки изведени од страна на учениците. За најдобрите маски од секое училиште, избрани од страна на жири комисијата, беа доделени интересни награди.

Ви благодариме за присуството и се надеваме дека создадовме спомени кои ќе останат запаметени!