Едукативна работилница на ОВР Кавадарци со ученици од трета и четврта година

 

Отсекот за превенција при СВР Велес во содејство со ОВР Кавадарци реализираше едукативна работилница на која теми на дискусија беа насилство, сајбер насилство, булинг и трговија со луѓе.

Основна цел на едукативната работилница беше подобрување на општата и личната безбедност на учениците во образовната установа, како и намалување на сите облици и типови на насилство помеѓу учениците.
Покрај тоа ваквата едукативна активност во интеракција со учениците од различни одделенија имаше за цел превенирање на врсничкото насилство и насочување на енергијата на учениците во позитивен правец односно забележување на ризиците и нивно избегнување, како и запознавање со законската регулатива од оваа област.

Посебен акцент беше ставен на појавата на насилно однесување на учениците во самите училишта и во училишните дворови и дека овој вид на насилство е една од највидливите форми на манифестирање на агресивност преку физичките напади, тепачки, сајбер насилство, навреди и омаловажување меѓу врсниците , соучениците, меѓу помалите и постарите ученици како и лица дојдени од надвор во училиштата. Притоа беа презентирани низа можности како да се превенира и спречи таа појава.

Во рамки на едукативното предавања на средношколците им беа презентирани низа начини не само за рана детекција од опасностите од трговија со луѓе туку и околу можностите како да се заштитат пред се себеси и своите врсници од трговија со луѓе.