Еко-акција во СОУ ,,Св. Кирил и Методиј”- Неготино

Заеднички ѝ се радуваме на пролетта и на новостите во нашето училиште. Под мотото ,,Ајде заеднички да го исчистиме новооградениот училишен двор” учениците и вработените во СОУ ,,Св. Кирил и Методиј”- Неготино, денеска реализираа еколошка акција, во која, секој по малку придонесе за разубавување на дворот и за подигнување на свеста за грижа за животната средина. Инаку, половина од средствата за изградба на оградата беа обезбедени од училишниот буџет, а половина беа обезбедени преку донација од народот на Соединетите Американски Држави, со поддршка од Европската команда на САД, Канцеларијата за одбранбена соработка и Американската амбасада во Скопје. Проектот беше реализиран во периодот април 2021 – февруари 2022 год. и им се заблагодаруваме на сите чинители кои активно беа вклучени во неговата реализација, бидејќи оградувањето е од исклучителна важност за нашето училиште. И за денот да биде уште поубав, денеска беа засадени и дрвца, кои ни беа подарени и за кои, исто така, се заблагодаруваме. Соработката носи поубава иднина за сите!