Честитка по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“

Поставувањето на темелите на писменоста на словенските народи е само дел од придобивките со кои нè задолжија сесловенските браќа Кирил и Методиј. Нивната благородна мисија денес обединува многу народи, кои преку писменоста како едно од основните обележја, вложуваат во промоцијата на сопствената историја, култура и традиција. Горди сме што нашето училиште го носи токму името на овие две најзначајни личности кои се дел од нашата колективна меморија.

Нека ни е честит патрониот празник и денот на сите просветни работници!