Со почит кон колегата

in memoriam

Почитувани ,

СОУ,,Св. Кирил И Методиј “,  со огромна тага и болка, ги информира сите  вработени, ученици, родители и пријатели  дека  нашиот колега, пријател , другар… и пред се – човек со големо срце, проф- Марјан Алтанџиев ненадејно почина и прерано не напушти  на ден  27.06.2020г.

Професорот Марјан Алтанџиев е роден на 07. 11. 1977 во Неготино. Основно и средно училиште завршува во Неготино, по што се запишува на класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје.

Во 2004 година се вработува како професор по латински јазик во СОУ,,Св.Кирил и Методиј”- Неготино.

 Нашиот Марјан, колегата Марјан… професорот Марјан…

Замина тивко, замина нечујно… замина како личност која секогаш го даваше најдоброто од себе …

Но, животот е понекогаш суров !!!

Не напушти професорот кој што го почитуваа  и вреднуваа сите, а пред се , учениците… а сите знаеме  дека нема поголем вреднувач и оценувач на работата на наставникот од  учениците. Ги подучуваше твоите ученици да бидат добри и воспитани деца,  да знаат да го користат латинскиот јазик кога ќе им биде потребен. Но не успеа тоа да го сториш и со идните генарации, смртта ја попречи твојата мисија.  Го почитуваа и сакаа и учениците и вработените. А знаете сите зошто…. заради професионалноста и колегијалноста.  Беше полн со живот, полн со знаење и професорска љубов која ја  пренесуваше на учениците.  Полн со почит и професионалност која ја споделуваше со колегите и родителите.

Замина и зад себе остави огромна празнина, тага , неверување и плач. Зборовите се премалку за да ја искажат тагата , болката и неверувањето за прераната загуба на нашиот колега, професор, другар, пријател… замина без последен поздрав…

Нашето училиште, образованието во општина Неготино, учениците, вработените во СОУ,,Св.Кирил и Методиј”- Неготино денес изгубија многу.

Изгубија професор, личност, а пред се – човек!!!

Премалку е се ова за крај, за ваков крај. Почивај во мир, секогаш ќе останеш во нашите срца.

Со почит кон твоето дело и се што направи за развојот на воспитно-образовниот процес во СОУ,,Св.Кирил и Методиј”- Неготино и  во општина Неготино.

Од твоите колеги , ученици, вработени и сите кои те познаваа… Вечна слава!

 

 

Со посвета кон нашиот колега, професор, пријател и другар

Професор, Марјан Алтанџиев