ПРОТОКОЛ за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година

Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите ученици на доследно почитување на превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:
  •   Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама, шал), во спротивно нема да ви биде дозволен влез во училиштето и пенкало за пишување.
  •   Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето.
  •   Почитувајте ги препораките  и влегувајте во училиштето еден по еден, т.е.  односно откако ученикот пред Вас ќе излезе од училиштето.
  • користете ги средствата за дезинфекција на влезот во училиштето, како и пред просториите каде се врши запишување на учениците, со цел учениците да се дезинфицираат при влез во училиштето и излез од училиштето.

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања.

Запишувањето на ученици во средните училишта ќе се одвива во период од 07:00  до 19:00 часот.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни 2020 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2020 година.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 29 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година.