Известување од УМК

Датуми за полагање на државна матура во јунска испитна сесија 2020г.

ВАЖНО: Само за учениците кои во претходните учебни години започнале со полагање на испити од државна матура, но не ги положиле и се пријавиле за повторно полагање во учебната 2019/2020 г.

Не важи за редовните ученици од учебната 2019-2020!

30.06.2020 г. – македонски јазик и литература

01.07.2020 г. – англиски јазик, француски јазик и руски јазик

02.07.2020 г. – хемија, физика, биологија, историја, филозофија, социологија и бизнис

03.07.2020 г. – математика

Почетокот на испитите е во 10:00 часот.