ОДРЖАН ПРВИОТ ИНФО ДЕН натема „Значењето на заштитата на животната средина“-ПРОЕКТ “ЕНПОЛ-ЕЕ”-СОУ Св. Кирил и Методиј – Неготино


 

The project is co-funded by the European Union and by National Funds of the participating countries

 

 

ОДРЖАН ПРВИОТ ИНФО ДЕН натема „Значењето на заштитата на животната средина“-ПРОЕКТ “ЕНПОЛ-ЕЕ”-СОУ Св. Кирил и Методиј – Неготино

Во рамките на проектот ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор за политиката на животна средина„ ENPOL – EE”, од програмата за прекугранична соработка „Interreg – IPA CBC CCI 2014 TC 16 15CB 009”, во периодот од 2014 – 2020 година, кој е финансиран во рамките на ЕУ (ИПА) Програмата за прекугранична соработка со Грција, СОУ. Св. Кирил и Методиј Неготино во соработка со Општина Неготино и организаторот на настанот АДВИСЕНТ ДООЕЛ – Скопје, на 03.06.2019 го организира Првиот Инфо Ден на тема Значењето на заштитата на животната средина.

Настанот беше орагнизиран во холот на СОУ. Св. Кирил и Методиј Неготино во период од 11:00 до 13:00 часот , а целна група на настанот беа учениците и професорите од училиштето.

Во рамките на активности присутните имаа можност да се запознаат со мерките за заштита на животната средина и значењето на енергетска ефикасност, преку Презентација приготвена и презентирана од страна на експертскиот тим на организаторот АДВИСЕНТ.

По презентацијата, за учениците беше организиран мал квиз “Kој сака да биде МИЛИОНЕР за ЕЕ”, во рамките на кој тимот со највисок број на поени беше и пригодно награден.

По едукативниот дел,  следеше музичка забава и дистрибуција на флаери и маици со помош на 16 волонтери од училиштето.

Проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина” со акроним „ENPOL – EE”, се реализира во партнерска соработка Средно општинското училиште „Св.Кирил и Методиј” – Неготино, Oпштина Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција .